Види на филозофски факс, ваљда има ставено пример од некаква уплатница на којашто е бројот на буџетски корисник, а и нема ли соопштение за потребни документи за запишување и таму информации за жиро сметки ово оно...?
За семестар, и моја грешка за филолошки било сеа приметив. Обично факултетот на сите се пишува горе кај назив на примачот . ( ова за партиципација 100е) Бројките на сметките ви ги пишува на страните од факултетите сигурно. Инаку за административна такса еве уплатница. Само совет мој ви е да уплатите преку телефон, не земаат провизија. ( доколку постои како опција )
А може да ми дадеш примери од уплатници на флф и за ИКСА и за таа другата што треба да се уплати 700ден. За студиски водач и за што друго и да беше? И административна такса треба да се уплати само за едниот пријавен лист или за двата?
Искрено врска немам, ниту пак памтам што сум уплаќала кога се запишував. Читајте мора да ви пишува на страните од факултетите што и колку ви треба.
@piglet1 Ама запишана сум јас веќе, ова за друго ми треба, а во документите за упис пишува буџетска сметка, но за надомест за упис, за таксена марка нема. Не знам дали е истото. @Antolinaa И јас го видов ова, ама не знам дали е истото, страв ми е да не утнам. Фала ви
Државна квота рата ви е 100евра или во денари 6150 денари , приватна квота 200 евра во денари 12300 денари.
Мислам оти е исто, сепак не избрзувај, прашај некој што со сигурност знае или контактирај ги на фб страната или евентуално на телефонски број.
Мислам дека најкасно до 29-ти, ако се запишуеш на 29-ти, а ако на 30-ти, најкасно до 30-ти. Можеш и порано, но заклучно да имаш уплатено до денот на упис. Ако грешам, нека ме поправи некој.
Ова се купува или може да го испринтам за мојот смер Интерен формулар за запишување на семестарот (анкетен лист), од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар
А ова го има на сите факултети или само на градежен и дали има врска ова со плаќање на семестар или не?
@greatb Листов го имаш на факултет долу каде што се читалните. Ако сакаш испечати си го исто ти се фаќа. @piglet1 Нема врска со други факултети, нема врска со плаќање.
Административна такса може да се плати и од телефон така? Има ли некој уплатниците како треба да изгледаат за плаќање 1550 за материјални трошоци и уплатница за осигурување.