Дали кога ќе го пишуваш есејот треба да избереш една тема(пример слободната) или можеш и од слобосната да напишеш малку, а и од таа за романтизмот со цел да имаш повеќе поени?Значи, да ги почнеш и двете, но да не ги довршиш.Или мора една да се избери и само за неа да се пиши.? Фала ви, однапред! <3
Здраво дечки. Брат ми полагаше матура денеска, и се буквално напишал, ама на другиот лист што го даваат посебно за заокружените, воопшто не го пополнил, бидејќи немало време. Дали ќе му се важат прашањата со заокружување, кои што ги напишал само на тестот или нема да се важи поради пропустот на тој лист?
Најважно е да се потполни листот што го даваат посебно на тој што треба да се заокружуваат со темно мастило.
Напишаав есеј се шо требаа и заклучок на крајо и бројаам имав 270-80 збора а треба над 350 ии морав да го пречкртам заклучокот со две црти па дополнував и на крај, го препишаав заклучокот со мали некои ситни грешки.. Мислите ќе ми се важи ?
не се важи, тие на заокружување во тетратката не ги ни гледаат, можеш што сакаш да напишеш само го прегледуваат компјутерски листот..
Ако добро те разбрав, мислам дека не Тој посебниот лист со крукчињата што се бојат пред секој точен одговор ли не го пополнил? Ние кога полагавме ни рекоа само тој лист се прегледува, во тетратката можеш што било да напишеш...
Ако си напишала, ќе важи, ќе го прегледаат. Доколку си чкртала нема врска, сепак на час пишуваш. Листот што го даваат е најбитен за оние на заокружување. Таму МОРА да биде заокружено, од тетратка прегледуваат есеј и оние со пишување.
Офф, а можам некако да поднесам молба или нешто? Многу ми е битно, пошто толку време бил одличен и сега за еден лист да му се упропасти за сето тоа што се трудел . А да не знаеш кога би можело да има преполагање?
@InWonderland на часови и на само полагање кажуваат каде точно треба да се заокружува. Каде и да се буниш ништо нема да добиеш, затоа што брат ти е виновен во случајов. Преполагање нема што добие тоа. Нека внимава на останатите предмети.
Нема преполагање освен ако недај боже падне, па полага во август. Сто пати нагласуваат дека е најбитно тоа да се пополни, баш ми е криво вака некој напишал се учел и од невнимание глупост да направи. А некои се ќе испопрепишат...
Критериумите за оценување се различни секоја година. Откако ќе се прегледаат тестовите се прави скала во зависност од резултатите, и оценувањето е според перцентилен ранг. Колку подобри тестови, толку повисоки критериуми.
девојки втор предмет ми е англиски може ли некоја да ми каже од каде да се повтори материјалот,барав нешто но не успеав да најдам па се решив да пишам тука,би била благодарна ако некоја ми излезе во пресрет поздрав