Девојки како поминавте денес? Јас полагав филозофија и беше претешко. Не можевме ни да мрдневме за разлика од претходно.
Јас полагав историја и баш ни беше топ, а не пипнавме книга, инспекцијата не влезе воопшто и тестаторите ни дозволија да препишуваме и да се договараме меѓусебно.
Какви тестатори постојат, со телефони препишуваат, сликаат тестови, уште шо не прават... Мене една шо ми беше, абе не можеш да мрднеш, какво препишување. И истата беше на 3те предмети.
Точно. Јас на третиот екстерен нога не можев да прекрстам што се вика, а не па да си поткажеме или препишуваме. Многу се субјективни и пристрасни тестаторите. Само не ми е јасно во помалите градови кај што има по 1 средно училиште од каде се тестаторите? Сигурно од други градови не доаѓаат, а баш тие се со најдобри резултати....
Кога полагав македонски имав многу строга тестаторка. А тоа што утнав пола тест е друг проблем..се молам дека ќе го поминам, макар со 2ка. Англиски и биологија прилично добро поминав па сега да видиме интерниов како ќе биде .
Не беше потенцирано само за една да се пишува. Јас пишував за повеќе, па што биде нека биде. Уште еден предмет и готово.
За да се положе социологија интерно доволно ли ќе биде да се уче само од ова? Има ли сѐ основно таму?
На трите екстерни имав се различни тестаторки и се препишуваше секаде...Дури и математика полагавме во друг град имав среќа само во нашата училница се препишуваше кај нас за интерен предмет професорот дава материјал (па и социологија). Најдобро е да се консултираш со професорот
немам фејсбук а не ги знам имињата ни на двата професори, а како мислеш професорот дава материјал? Мислеш кажува на што да се фокусираме или? Мислам нема кој друг материјал да даде освен тоа што го учивме, а во прирачникот има се што учвиме (ако добро се сеќавам).
па ќе ти каже на што поточно да се фокусираш.Кај нас на пример професорот ни дава по 200/300 прашања и од тие ќе ни се паднат 45
па македонски и англиски не го прифаќаат ако е под или над зборовната граница...па најверојатно и филозофија е така
тестовите за интерниот предмет исти ли се како и тие за екстерните? Значи има прашања за дополнивање, заокружување и поврзување?