Колку што се сеќавам, кога ги добивате резултатите од матура ви пишува со која оценка и со колку перцентили сте положиле. Тие оценки и перцентили само ги внесуваш во соодветните полиња од калкулаторот и тој ти пресметува, ти сама ништо не мора да пресметуваш.
Да,се тоа е ок ама сакав да пресметам со колку вкупно бодови ке стартува на факултет,знаејки дека од средно има вкупно 57.64 бода,и 100%сите предмети ќе бидат положени со 5.Исто и за проектната 5.
Stay tuned, утре резултати од матура... Патем, еве го и конкурсот за упис на УКИМ: http://www.fakulteti.mk/documents/Upisi/2017-2018/Konkurs_I_ciklus_2017-2018.pdf
Па така и очекувавме, ама стоеше најдоцна 30 дена од последниот екстерен предмет, ама очигледно побргу ги прегледале. Ако прашуваш за УКИМ сè ти е напишано во конкурсот. Пријавувањето е на 17 и 18 август. Прелиминарната ранг листа на 23 август, а конечната на 25 август. Запишувањето на примените е на 29 и 30 август.
Еве ги резултатите: http://drzavnamatura.dic.edu.mk/ Без спиење останав, македонски 5ка и тоа со 99 запирка нешто перцентили, англиски и филозофија 4ки, ама со ниски перцентили... Но, во споредба со другите презадоволна јухууу
Сите 5ки Интерниот предмет всушност најмногу ме загрижуваше, ми се паднаа многу прашања што професорот не ми ги даде Резултатите за интерниот каде може да се видат? Има ли ги на интернет бидејќи не сум во Мк сега....
Дали со прифаќањето на некои приговори се менуваат и перцентилите на останатите, односно дали се конечни овие перцентили и оцени.(ако ние не дадеме но другите дали можат да не поместат)?
Перцентлите, дали имаш на пример јака или слаба 4, инаку мене англиски ми решаваше професор и 3 имам, катастрофа, исто така слушнав дека тестовите не се прегледувани како што треба, што е пишувано тоа да се гледа, туку од најдобриот тест се споредува твојот.
Од оценките сум, а од перцентилите филозофија воопшто. Очекував над 60-70, а имам 48.31 Перцентилниот ранг на кандидатот покажува од колкав процент на ученици во земјата што го решавале тестот тој кандидат е подобар или еднаков. Пример: ако кандидатот е оценет со оцена 5 и со перцентилен ранг 94,67%, тоа значи дека е подобар од 94,67% матуранти во Република Македонија. Вакви муабети ќе кружат еден месец. Кој што си напишал тоа си добил, и онака најголем дел од тестот се прегледува преку скенер. Јас имав англиски речиси исти одговори со една другарка што многу знае анлиски, ама пак сме разлика 35-40 перцентили.
Воопшто не сум задоволна од резултатите по англиски... Имав 54,91 перцентил и оцена 3,меѓутоа имаше некој и со по 25-26 перцентил исто така 3.Разликата е тука 30,што е навистина голема бројка.Доказ дека тестовите не се добро прегледани.Некаде се спомнуваше дека не ги ни читале писмата и есеите. Македонски имам 4,историја 5. Што милисте дали вреди да се поднесе приговор??