Не мора да значи дека не ги прегледуваат, туку многу голем дел имаат 3ки и затоа е толкава разликата. Другарка моја има 60 и нешто перцентили и има 3ка, а јас имам 4ка со 65, така што сум на некоја долна граница. Ако поднесеш приговор дури и да ти поправат тоа сигурно нема да биде 10 перцентили туку, 1-2 така да ништо не ти менува. Скалата со перцентили по секој предмет е различна. Пример македонски од 88 нагоре е 5ка, а англиски со истите перцентили е 4ка. Бизнис и со 90 перцентили имаат 4ки, така да не се сомневај дека не ги прегледуваат тестовите. Перцентиливе ги прават статистичари од ДИЦ и тие немаат никаква врска со прегледувачите на тестовите.
Jas padnav na filozofija a drugite ocenki mi se 4, 4 i 5 pa sakav da ve prasam dali da se prefrlam na zavrsna matura, moze li so toa da se zapise na prv upisen rok?
Англиски имам 2 со 19.34 перцентил а имам 7 неточни од 30 и ги имам и двата есеја кои ми ги провери професорката и ми рече дека се точни, без грешка освен што не ми се поделени на параграфи. Дали мислите дека би ми го прифатиле приговорот ако поднесам и до која оцена највеќе би можеле да ми покачат ако имаат некоја грешка во прегледувањето на есеите?
Биди поконкретна за кој факултет станува збор. На секој универзитет е различно. Прво се пријавувањата со поднесување документи, а запишувањето на примените е отпосле. Пријавување: УКИМ: 17 и 18 август УГД: 14, 15 и 16 август УКЛО: 15, 16 и 17 август Запишувањето е од 24 до 30 август зависно од универзитетот. За останатите државни не знам кога се датумите.
И јас не положив еден предмет државна истото би сакала да прашам бидејќи од денес е пријавување за полагање државна во август ве молам некој што знае помош
Чисто да напоменам бидејќи долго време јас не разбирав што значат перцентилите и сега сестра ми полагаше матура и се ангажирав малку. Перцентилите не се поените што сте ги добиле, туку од колку проценти од учениците во Македонија што го полагале истиот тој тест вие сте подобри. Не знам зошто имаат толкаво значење тие бројки при уписи на факултетет, ама тоа е.
Разочарувачки се резултатите од државната матура годинава. Совет од мене, џабе правите приговор од поднесени 50 приговори само 3 можат да прифатат.
Да, истово и јас го имав спомнато некој коментар погоре. Зборот ми беше дека ако поднесе приговор и ако и го прифатат, нели нормално добива повеќе поени, а со тоа и перцентилниот ранг ќе и се зголеми, но минимално. За да не очекува дека ќе отскокне за 20% погоре. Инаку за значењето и јас се согласувам. Многу подобро е освоените поени да се вреднуваат наместо перцентилите, или барем и тие да бидат објавени покрај оценката, да знаеме отприлика каков ни е успехот.
Да оваа година катастрофа е скалата на оценување. Требало барем за да можат да положат повеќето да ја направат скалата, бидејќи имаше многу паднати. И најодличните имаа 3ки! Фала му на бога јас по се сум помината и баш ми олесни што ми се тргна од глава, цело време ги мислев резултатите