Ставете основно ниво, напредното веќе неколку години е укинато, па според тоа се подразбира дека предметот се полага само на основно ниво. Бидејќи можат да се пријавуваат и кандидати кои полагале матура според стариот концепт (2 нивоа) стојат и двете.
Како успеа да внесеш ЕМБГ без претходно да го потврдиш профилот?Така е и на други платформи, додека не го активираш профилот (преку линкот што го добиваш на меил) не можеш да се најавиш, ниту да пополнуваш било што.
Кај нас не бараше да се потврди преку меил. Регистрација, па најава, сите податоци ги внесовме, уште последната фаза остана. @jolo кај тебе бараше системот потврда преку линк?
Мене не, но @shooter.0801 самата кажа дека не може да ја добие потврдата на мејл. Претпоставувам дека е на друг универзитет, бидејќи повеќето државни универзитети имаат систем за електронско пријавување. Конкретно на УКИМ не бара потврда преку мејл.
Здраво девојки Сакам да прашам дали со просек од 93,6 ќе влезам во државна квота? Поточно на Природно-математички факултет (биологија) и Технолошко-металуршки (прехрамбена технологија и биотехнологија)? Дали има голема заинтересираност за овие насоки, некои ваши искуства и совети околу овие факултети? Кои студентски домови се најблиску до овие два факултети? Имам многу прашања и некако како да сум изгубена во простор и време. Ќе одам на студии во Скопје, а сум од помал град и не знам дали ќе се снајдам баш. Дали има потреба од паника?
Дефинитивно влегуваш за што и да се одлучиш. Заинтересираноста е поголема на ТМФ, но и квотите се поголеми така што воопшто нема зошто да се плашиш. И воопшто не паничи дали ќе де снајдеш. Слободни пиши ми лп, ќе ти го објаснам Скопјево.
Што е работата со таксена марка од 50 денари за упис? Што се прави, како.. Се изгубив во простор и време и не сфаќам... Знам дека замарам али ако може помош
Неможам да ја најдам жиро-сметката на Градежен за да ги уплатам овие 300,500 и 1000 денари? Изгубена сум и во простор и во време. Не сум се ни пријавила, ниту па документи имам средено.
Имаш баш солиден просек, така да ќе те примат и таму и таму. Ако се запишеш на ПМФ најблизок студентски ти е Стив. Ако се запишеш на ТМФ тогаш Гоце Со среќа! Ти требаат само тие 300 ден. Приходна шифра ќе ја ставиш таа каде што пишува за сите други уплати. Ако не се снајдеш најубаво појди до факс ако си од Скопје и види на студнетски прашања или на огласните табли, секогаш се објавени потребните уплатници за бруцоши.
Завршив прва година на филолошки и сега сакам да се префрлам на друг факултет. Имам доволно поени за државна квота но дали има некаква врска што веќе сум била една година на факултет па да немам шанси да влезам во државна квота на првиов уписен рок?
Ти требаат само тие 300 ден. View attachment 336727 Приходна шифра ќе ја ставиш таа каде што пишува за сите други уплати. Ако не се снајдеш најубаво појди до факс ако си од Скопје и види на студнетски прашања или на огласните табли, секогаш се објавени потребните уплатници за бруцоши.[/QUOTE] @realGirl Oткако ќе ја пополниш електронската пријава на iknow, самиот систем ќе ти ја генерира уплатницата (со име презиме, факултет и сума).
@realGirl Oткако ќе ја пополниш електронската пријава на iknow, самиот систем ќе ти ја генерира уплатницата (со име презиме, факултет и сума).[/QUOTE] Фала, утре ќе се пријавам бидејќи денес ќе ја зимам дипломата па ќе видам дали ќе се снајдам.