Девојки, имам неколку прашања. Во врска со соодветни и несоодветни предмети за матура. Јас полагав англиски, бизнис и право и ја гледав листата за предмети и наведов дека ми се соодветни сите предмети и ги испечатив докуметите од на iknow. Ќе се запишувам на градежен, имам 90,6 поени. Дали би влегла во државна квота и дали се соодветни предметиве зошто не можам да сфатам И уплатницата, во било која банка може да се купи и да се уплати?
Јас пополнив и пратив ама нигде немаше опција печати или да ја зачува. Ај некој нека ми каже како ја зачувал целата.
На пријавата доле лево има свидетелства бр. и нешто извод од матична книга бр. Јас треба тоа да го пополнам или таму на факсот го попилнуваат?
И јас се мслев за тоа , али мислам дека треба ние да го потполниме , кај сто свидетелства бр да се стави бројот на свидетелствата што ги поднесуваш т.е 4 а кај што е матична книга , бројот што е на изводот. Ако знае некој сигурно нека пише
Има некој што полагал Информатика државна матура? Какви се прашањата, сѐ е опфатено од матријалот? Од каде учевте и се спремавте?
Знае некој дали административната такса може да се плати преку СМС или тоа е само за испити? Не можам да најдам уплатница за А.такса освен таа од iKnow од 300 ден.
Покрај пријавата што се купува на факултетите бараат уплата за административна такса на уплатница или преку СМС. Инаку не успеав да најдам точна уплатница, па од страв да не уплатам на погрешна сметка платив преку СМС.