Праќаш порака на 144166 со текст TM IME PREZIME 50 и ќе ти стигнит код кој ќе треба да го напишеш на пријавата.
Мал совет - пратете порака сега, а утре само пишете го кодот. Поради преголема оптовареност можно е да падне системот, па да мора да уплаќате преку пошта и време ќе губите.
Прикачи ја само уплатницата. Ако уплаќаш преку СМС, добиваш код (има најдоле место за да го напишеш).
Ако не ви успева трансакцијата преку директен СМС, пробајте преку линков: http://www.e-plakanje.gov.mk/WebPayment.aspx
Во изјавата за согласност каде што пишува број на пријава треба да го пишам бројот од електронската пријава или даваат некој друг број на факултет? И дали јас треба да пополнам кај што пишува број на свидетелства и број на извод?
Не знам во која тема да пишам, па овде. Ги дадов документите, се тоа, ама заборавив да направам копија од свидетелствата и дипломата, а ќе ми треба копијата за запишување во студентски дом. А потпишав молба за неподигање на докуемнти. Шо да правам, мислете ли дека ќе ми дозволат да направам копија?
Кога се вторите уписи на УКИМ? Се пријавив за првиот уписен рок и сите документи ми се спремни ама не успеав да ги однесам, неочекувано нешто се случи. На вториот уписен рок ќе треба ли нови пријави да вадам и друга уплатница да уплаќам?
Уписот е на 4 септември, по објавувањето на конечните ранг листи ќе биде објавен нов конкурс со слободните места за вториот упис. Инаку ти треба нова електронска пријава, а уплатница не мора нова да уплаќаш.
@pamelche исто и јас...Но, колку што видов на конкурсот копии од свидетелства не се потребни само од диплома.Прашај во твоето училиште за да се печати пак твојата диплома.Со среќа...
Уписите електронски за студентски дом се од 20ти до 28ми така? А кога повторно треба да одиме, нешто во Министерство, не сфаќам баш. Некој да ми објасни подетално со датите
Од 20 ти до 28 ми треба електронски да се пријавиш а после од 29 до 4 ти мислам дека беше за да се однесат документите во министерството.
Дали доколку сум веќе запишана на факултет (и имам ислушано неколку години) кој не може да се стави вонредно, можам да се запишам на друг факултет, на друг универзитет, кој што исто така не може да се слуша вонредно? Сакам да конкурирам и ако сум примена да го отпишам овој првиот, но доколку не сум примена, не знам дали сум уште спремна да го оставам првиот.
Не знаеш што сакаш. Кој од нив те влече повеќе, кој од нив ќе те исполнува и работата ќе ја работиш со мерак??? Ако не те примат сега, ќе те примат на втор или трет рок. Не избрзувај да не останеш и без двата на крај. @pamelche јави се во студенттскиот кај што планираш да аплицираш и прашај ги дали ти се потребни сведителствата за упис или може и со дипломата? Ако се потребни тогаш оди на факултет и моли коли да ти ги дадат.не знам на кој си кај мене барем не прават проблеми.
Затоа и прашав, сакам да ги земам документите од првиот (без да ме испишат) само да конкурирам на вториот. Направив грешка што не отидов вчера на прв уписен, така што, на втор уписен би конкурирала прв пат. Прашањето ми беше, дали би ме примиле бидејќи сум редовен студент на првиот, дали воопшто ќе бидам на списокот на примени доколку ги исполнувам условите.
Само дипломата ми треба, ама ни дипломата ја немам. Во понеделник ќе одам ќе ги молам, морам да ја земам да направам копија.