првите 10 од секој факултет не плаќаат, во случајов од цел ПМФ 10 луѓе со најдобар просек. Еве ги http://www.pmf.ukim.edu.mk/files/stipendija2017.pdf
Уште ова прашање и се надевам дека нема да ви досаѓам после. Дали сега во вторник кога ќе се запишуваме треба да одбираме изборни предмети за прв семестар?
На сите факултети на УКИМ, првите 10 примени во државна квота (во прв рок, нормално) не плаќаат 1 година. Зависи на кој факултет си, не знам дали е на сите исто. За другите не знам, но на медицински (на општа) пример нема во зимските семестри изборни, има само во летните, и тие се бираат во тек на академската година кога ќе ги отворат катедрите.
Јас на правен, прв семестар имам 2 изборни, па не знам дали сега треба да ги изберам или после кога ќе започнеме.
Кај син ми на технолошки има објавена листа на изборни предмети од кои треба да избере два. Сите се стручни и плус англиски 1. Сега не интересира околу јазициве како оди, од факултетот ли зависи? Дали ова англиски 1 е нешто како пониско ниво, па има и англиски 2 понатаму? Што ако не се одбере јазик прв семестар, туку само два стручни?
Дечки Се запишав вонредно на медицински фалкутет оваа година Сакам да прашам дали може да го ставам редовно да идам,треба да чекам некој период да помине или како иде таа процедура??
Дали има некој што е запишан на факултетот за физичка култура при УКИМ во Скопје? Ми треба помош околу уплатниците за уплата на прв семестар па некој ако знае да ми каже која е трансакциска сметка, приходна шифра? Благодарам!
Околу запишувањево утре... Јас сум на Молекуларна биологија запишана. Е сега не ми е јасно кај двата обрасци што се пишува кај оние студиска програма, потпрограма(модул) и отсек. Смерот ми е тој, ама овие не знам. И дали треба јас да пополнувам предмети за прв семестар зашто не знам ете кои можам да ги бирам за овој семестар.
Англиски 1 и Англиски 2 не означуваат ниво на познавање/знаење туку дека Англиски 1 се слуша во прв семестар а Англиски 2 во втор семестар. Мора да се одберат толку изборни колку што се бараат поради тоа што се врзани со кредитите... Ако ви треба помош пишете ми слободно околу изборните.
Дали некој знае од колку до колку ќе работат студентски прашања на 29 и 30 на уким за упис на новите студенти?
Ова за неплаќање на целата година важи за секој смер на филолошки? Првите 10 од државна квота од секоја катедра, така?
Првите 10 од целиот факултет, а не од секој катедра/студиска програма. Има и студиски програми со под 10 запишани, така што не може никој од нив да не плаќа.
Може и утре. Девојки како пишавте, никаде не пишува во денарска противвредност колку точно се 100 евра, 6150 или 6200?