Значи вака, оди на страната на iknow и стисни заборавена лозинка. Ќе треба да го напишеш меилот, за да ти стигне линк на маил за заборавена лозинка. Откако ќе ти стигне, си пишуваш нов пасворд, кој мора да содржи големи и мали букви, бројка и знак (. ,). Потоа ќе се најавиш, но неколку пати ќе ти ја дава страната измешана, исклучувај се и повторно најавувај се. Кај мене се е во ред сега.
Не знам темава дали е правилна за прашањево, ама дали некој имал досега изборни предмети кои што се поклопуваат со задолжителните, и каква е процедурата, дали се присуствува на секој час само дел од времето? Била каква информација е добредојдена, благодарам
Здраво. Може некој да ми кажи/објасни повеќе за презапишување семестар и година на квадрат како оди сето тоа и колку се плаќа. Се јавив и во студенски прашања и искрено многу малце ми објаснија. Значи вака требаше да запишам 3та година но немам доволно кредити и ги презапишувам предметите од 2ра година. Е сега Сакам да знам кога ќе можам а ги запишам и полагам предметите од 3та?
Избрав биологија и хемија за полагање за матура па ме интересира дали има прирачник или мора да ги барам книгите?
И јас ги полагав истите, само биологија екстерен, а хемија интерен. За биологија не знам дали има прирачник, ама ти препорачувам да учиш од книгите. Јас од сите книги заедно учев, тоа што требаше. А хемија од прашањата што ни ги даде професорката и плус нешто од материјалот околу прашањата. Исто и за хемија мислам дека нема прирачник.
Фала ти многу, и мене ми е биологија екстерен хемија интерен. Биологија на што треба да се задржам повеќе?
Темите треба да ги има на Државна матура. Инаку се цитологија, регулациски системи, генетика, екологија и еволуција. А имаше прашања и од анатомија и физиологија на човек.
Што ќе биде доколку се одбере несоодветен предмет за матура пример сум одбрала филозофија а ќе одам на факултет фармација?
Не знам колку точно поени намалуваат но, можно е да не можеш да бидеш примена во првиот круг доколку има преголема конкуренција на факултетот.
Дали може некаде да се најдат резултатите за матура од минатите години по училишта. Ме интересираат резултати , со среден успех за секое училиште. Последно што може да се најде е за 2012 година.
Ај малце помош. Ги разгледував тестовите англиски за матура и како што се очекуваше некако се тешки или двосмислени да кажам. Некој совет од тие што поминале матура за англиски и како да се дојде до точниот одговор или совет за тоа како да се извежбаат сите тие работи до јуни?
Здраво. Би сакала да ве прашам доколку некој од вас знае да ми одговори , ќе ве молам. Дипломирав на правен факултет и како дете на бранител( татко ми ) бев ослободена од партиципација. Дали ако во септември запишам втор факултет значи додипломски студии можам да бидам ослободена од партиципација повторно со истиот документ и за вториот факултет? И поради тоа што завршив правен факултет- правни студии, дали би можела во септември да запишам правна политика и дипломатија? Ви благодарам