Ај ве замолувам малце помош, дали некој има некакви информации за факултетот за безбедност што како ...Имам голема желба да бидам полицајка ама се бара ли многу, тешко ли е незнам ке се снајдам ли... некои ми викаат дека без врски не примале на тој факултет глупости ли се точно ли е знаете ли нешто повеќе за тој факултет?
Си примаат регуларно, ако збориш за оној факултет во Идризово. Не е претешко, мислам дека ќе се снајдеш само не знам после тоа како оди за работа и слично. Побрзо полицајка ќе станеш со овие конкурсиве отколку со факс.
Ако ти е желба да го учиш тоа, запиши се. На никој среќата не се знае каква ќе му биде. Сакав да кажам гледајќи ја ситуацијава кај нас со полицајциве и конкурсиве... ако сакаш да си полицајка побрзо ќе станеш ако одиш на тој конкурс. Инаку како што знам, имаат колоквиуми, поправни колоквиуми, доста шанси за полагање значи. Прашања исто така имаат што се паѓаат на полагањата, не е претешко. Материјата е интересна (барем тоа што сум го видела јас), отвори на страната на факултетот ќе си ги прочиташ и кои предмети би ги имала и се. На предавања редовност бараат, инаку не можеш да полагаш, што е нормално мислам на повеќето факултети. Каков ти е успехот од средно инаку?
Па не знам, зависи од годината, т.е. од конкуренцијата, од другите кои ќе се запишат каков успех ќе имаат и така..
Здраво на сите, значи ја сум матурант и ме фаќа ужасна вознемиреност за тоа дека нема да постигна сѐ са научам за матура. Затоа ве молам некој да го сподели сопственото искуство со мене за полагање матура, поточно за тоа како сте си поминале додека сте ги полагале интерните и екстерните предмети, дали имало и било дозволено барем минимално препишување...
Кога се сака сè се може. Многу е полесно ако материјалот е учен со ред. Нема од што да се плашиш, не е воопшто тешко, само подобро потруди се да научиш, отколку да се надеваш дека ќе препишуваш. Од мое искуство знам дека кога јас полагав се утепаа од препишување. Е сега, не знам како е. Не се плаши, не е воопшто страшно, ниту тешко, само желба и малку труд и ќе успееш. Ти посакувам среќа!
Не се сеќавам баш, ама мислам дека избираш предмет и професорот (професорката) што ти предава по тој предмет ти дава листа со прашања на кои треба ти да одговориш, а подоцна, на самиот испит ќе ти се паднат истите прашања, само не се сеќавам колку точно. Мислам дека само 30 се паѓаат на испит.
Девојки ви ја отвара ли страната на државна матура? Веќе неколку пати по ред пробувам за да ги прегледам прашањава по биологија и македонски јазик и литература ама не сака да ми отвори..
Нема проблем со страната, еве линк за тестовите од лани само избери ги предметите: http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=O6dtQQpiV3o=
Има некој прирачници по биологија и хемија? Ќе ја означам @Tan4ence , мислам дека лани полагаше матура, па ако имаш во е-верзија некои материјали би била бескрајно благодарна доколку би сакала да споделиш.
Не сум матурант, ама ме интересира кои предмети ги полагате за матура? Полагав матура пред 3 години и не беше морално математика, можеше да се полага ако некој ја одбере. Видов различни предмети и не ми е јасно. Македонски не би требало да имате проблем, ниту англиски. Ама вака како што прочитав и од претходните страници од оваа тема, многу предмети, многу материјал има.
Не знам дали има биологија, а и тие што знам дека полагаа не нашле прирачник. Најубаво ти е да ги најдеш книгите, да ископираш тие делови што ти требаат. Јас така учев и добро поминав со 5ка. А хемија полагав интерно, учев од тетратки бидејќи се имав опфатено таму, И тие екстерен што земаа знам дека учеа од книги и тетратки.
Кај мене и двата спаѓаат во интерни, затоа прашав случајно ако некој има прирачник или некоја скрипта зачувано. А сум ПМА, па последната година ги немам ниту учено предметиве. Ја дигнав летвата малце повисоко од вообичаено овој пат. Сепак благодарам на одговорот.
Дали тие што сте четврта година средно,добивте повеќе информации и насоки од професорите по македонски за есејот од делот пишување за државна матура?
Матуранти ајде помош. Треба да му помогнам на братучед ми околу подготовката за државна матура, меѓутоа со оглед на тоа дека незнае и нема баш желба за учење,неможеше ниту да ми каже од каде треба да учиме, па кажете ми како се подготвувате,ете на пример за македонски,од прирачникот само учите или ?