Мене страшно ме фаќа страв за утре дали англиски е толку страшно колку што го замислувам ? Разбирам се го знам јазикот а потсвеста како да ми вели 3канајмногу... споделете искуства
и јас утре полагам и многу ми е страв Дали знаеш колку збора требаше да напишеме за составот и писмото
Еве утре и јас полагам англиски, го гледав тестот од 2017 и се чуедв дали марурата е на B2 ниво како што пишува во испитната програма или на C1 мене повеќе ми изгледа дека матурата е на C1....
Па повеќето како што кажуваат од минатите години давале да се препишува па сега дај боже да не сме баксузи
Дали некој ја знае темата англиски и македонски за есеите бидејќи имам информации дека некои ги знаат,па ве молам ако знаете споделете и олеснете ми
И јас да се придружам во клубот на оние што плагаме англиски утре. Со среќа нека ни е. Јас си велам го владеам добро јазикот, 8 години посетував курс ама ужасно ми е страв. Кажете ми каде гледате тестови од лани, да разлистам да решам некој денес? И успат уште едно прашање. Македонски доколку се решам место есејот, да пишувам на слободна тема, помалку бодови ќе добијам? Некако овие трите теми многу ме плашат, си велам полесно е на слободната тема да одам ама ме интересира бодувањето.
Бодувањето без разлика на која тема пишуваш е исто. Тестови имаше на страната од матура, веројатно овде се, не отворив понатаму да видам што има. http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=O6dtQQpiV3o=
Ај со среќа и со лесно нека ни е на сите утре и од мене. Ги погледнав тестовите од минатата година, на прв поглед не ми изгледаше тешко. Ме мачи само есејот, писмо ќе напишам. Инаку да прашам писмото формално или неформално треба да биде? За македонски мислам дека е исто бодувањето и за слободна и за зададена тема тоест една од трите.
За писмото англиски - на тестот ќе ти пишува дали треба формално или неформално. Утре ќе дознаеме иначе го има некој прирачникот/правилникот за пишување на писмо и есеј за англиски јазик? Да повторам за утре
Подобро спремај ги трите теми затоа што лани слободната тема беше многу опширна и потешко е да ставеш во акцент нешто. Само не ми текнува како точно беше насловот. Ама знам дека дискутиравме дека многу е опширна. Јас полагав бизнис лани, имаше 2,3 задачи. Онака не беа многу лесни прашањата од 4 никој повеќе не извадивме иако имаше помош. Не се плашете многу затоа што оваа не е ништо во споредба со тоа што следува на факултет. Со среќа, ќе положите сите ќе видите.
Иако почнав на време да се спремам, бев сигурна, еве како наближува за една недела мене паника ме фаќа за матурава... оф оооф...ајде и тоа ќе помине.
Извештај? Исти ли беа темите и во гимназија и во стручно, не ми текнува? Јас стручно бев, во писмото требаше да се обратиме до хотелот каде што сме престојувале а таму сме го заборавиле мобилниот телефон.