1. oртографија (појма си немам и јас, така ми кажаа) 2. Лупнав дека е определеност, ама сигурна сум дека не е така. 3. Воденицата на 5 места би требало. Полага некој Филозофија понеделник, како стоите со наученото? Јас утре почнувам со учење, немам ни волја а ни сила денес. До каде ќе стигнам до таму, тоа е.
Е арно штом ви кажале, нас како ареа 51 не чуваа. Ме опоменаа зошто сум пиел вода. Трескав глупости за патувања, верглав во место. Се надевам на позитивни резултати. Уште историја во понеделник и готово. Барем тоа е лесно.
И јас полагам историја. Ги решавав вчера тестовите, многу лесно ми изгледа Мислам дека ќе немам проблем со тоа.
И јас ги разгледував тестовите, ништо посебно. Прашања од општа култура најчесто. Двете светски војни, Македонија, од Европа нешто и тоа е тоа. За оние што имаат послаба меморија за нивна среќа нема многу датуми.
Dobar den, denes polagav matura po makedonski jazik i literatura, no imam nesto nejasno. Dali bi bilo problem bidejki jas go napisav naslovot na esejot necelosno. Celiot naslov otprilika glasese ,,Opstestvoto e pricinata na otugenite individui - preku delata na realizam i modernizam" no jas go napisav ,,Opstestvoto e pricnata na otugenite individui" bez posledniot del. Dali mislite deka ke bide prifatena, jas sepak pisuvav za pravcite i opstestvoto. Navistina sum zagrisen. Fala mnogu, Petar
Сите што сте пишувале на темата од правците треба всушност да си разграничите дека модернизам е правец со под правци некои дела се само во модернизам а некои во во подпрсвцитње. Книгата за матура од Билјана Богданоска отворете 222 страна на табелата ви е убаво прикажано се! Реализам: чичко горио и злосторство и казна Натурализам: од чехов Модернизам: гавранот и цвеќето Странецот е егзистенцијализам а процес е современа светска литература(постмодернизам,експресионизам) Ако сака некој слика од табела нека ми пише
Како е одговорот на 27 прашање дали знае некој ? Според сферата на употреба реченицата : Ај смири се , не ми се понашај многу припага на ______________ лексика??
Како одговоривте на следниве прашања... 1.Која општочовечка порака произлегува од делото " О писменех"? 2.Како е композициски изграден вториот дел на делото "О писменех"? 3.Првата фаза е завршена, односно снимени се оние такозвани Драмски сцени. Збор кој содржи туѓи елемнти е ...?
Историја и не е баш лесно, се надевам дека си почнал барем нешто да учиш. И ја така викав ама еве учам цела недела и пак е зезнато мн години и имиња има а и плус слики некои.!
а прашањето со песната од Гане Тодороски не се сеќавам баш како беше псотавено но имаше несшто тагување, мирување итн не се сеќавам, кој е точниот одговор тука?
Се бараше мотивот. Јас пишав мирување но не знам колку е точно. Пробав да ја најдам песната на нет, ја немаше нигде, дури ни во делата на Гане Тодоровски така да којзнае од кај ја ископале.
Синонимот е најбесмисленото прашање на цел тест, заедно со збирката на Гане. Јас имам три грешни, овие две и бројот на плочи на Епот за Гилгамеш. Сите пишаа 12, мене пак ми се има увртено во мозок 14 и си останав на тоа.Инаку, науката за формата на зборовите е морфологија, така? За поделбата на зборот, прашање од прво одделение, 4 е точниот одговор. Тестот англиски беше полесен јер немаше небитни детали како збирката на Гане, наместо на Кочо или Блаже кои имаат поголем допринос за македонскио јазик. Есејот од друга страна, иако темата беше некако конфузна, делата на реализмот укажуваат на разликите меѓу сталежите во општеството, а модернизмот е поделен на други изми и секој од нив го претставува на различен начин човекот во општеството, сепак НЗС е борбата на човекот со самиот себе. Вовведот ми беше наменет за изнесување на општите каракетристики на двата правци, и поделбата на модернизмот заедно со диферцијализацијата помеѓу авангардата наспроти симболизмот и импресионизмот. Тоа ми беше и основа за понатамошниот опис на ликовите и доловување на деталите и разликите на ликовите од делата на реализмот(Чичко Горио и Злосторство и казна) и модернизмот(Цвекиќата на злото, Странец и Чекајќи го Годо) давајќи увид на сите аспекти од кои сме го обработиле модернизмот како правец. Имам напишано некои 460-70 збора. Останува математика сега во среда, и интерните наредната недела. Во втроник на 19ти официално завршувам со полагањето. После следуваат уписите.