Јас лани сакав, ама ме предомисли професорка, ми рече дека е за џабе. Ако си сигурна дека прашањата ти се точно одговорени ќе ти кажат дека есејот не е добар, така да џабе е стварно. Инаку се плаќа не знам точно 1000, 2000 ден отприлика и мислам дека се поднесува во Министерство за образование
Јас мислам дека треба да поднесеш приговор и да си ги бараш назад тие 0,10%! Они тебе ќе ти ги зимаат. Браво литл, честитки и упис на посакуваниот факултет. Фала уште еднаш за помошта.
ајде луѓе помина и ова јас си имам 1 4ка и 1 5ка и среќна сум си македонски имам јака 4ка 87.5 а англиски 5ката ми е со 98.2
Па мене и баш не ми беше лесно.Јас предходните тестови од матура од лани,полани ги решив без грешки а оваа година беше потешко, а и англиски имаше некои безвеза поими, дури јас немаше ни од кој да препишам или видам нешто ако ми треба бев во училница со непознати фаци и сте те гледаа ко телиња ако ги прашаш нешто.Јас искрено учев а и сум имала среќа, за полесна не беше полесна
Здравооо!!!! Јас ги поминав матуриве со 4 мак(86,35) и 5 англ. (96,19) и се на се имам 96,5 поени за на факултет, па би сакала да знам дали бе можеле да ме примат во државна квота на економски, смер маркетинг (најверојатно ) Ако може некое искуство и сл
Со 96,5? На држвна квота? И покрај тоа што има многу деца со многу поголем просек? Јас мислам дека нема. Ама сепак, зависи и каков просек имаат тие што се запишале на тој смер.
уффф....па затоа сакам на маркетинг, слушнав дека на тој смер не се пријавувет многу(за разлика од фин. менаџ. и е-бизнис каде конкуренцијата е огромна) ај се надевам дека ќе имам среќа, има некои и со помалце поени па успеале да влезат во државна квота
Честитки до сите кои успешно си ја положија матурата. Ви посакувам да си се запишете онаму каде што сакате и уште еднаш да се покаже дека членките на Фемина се на врвот на листите И еден мал совет.... не се потресувајте многу. Нема да ви помогне, може само да ви предизвика нервоза
И мене ми изгледаа лесни тестовите од претходните години кога ги пререшив три пати. Ок, тебе може не ти била ама резултатите си го покажуваат своето, не може оваа генерација да е толку енормно поквалитетна и попаметна од претходните. Прво отприлика темата за есејот ја знаевте скоро сите, второ немавте потреба додатно да учите шаблони за молба, жалба и сл. Темите од кои точно ќе се паднат прашања исто ви беа познати. За англиски не знам, ама македонски каде каде ви беше олеснето. И очигледно критериумите се симнати, лани од моја генерација и општо од другите јаки гимназии петките се броеја на прсти, а сега еве на форумов само види колку петки имало. Излишни се коментари, што не заебаа нас лани, не заебаа и имам право да си изразам револт. И да честитки до сите, успех понатаму на факултет, се надевам сите ќе си се запишете кај што сакате (во државна квота )
Значи по милионити пат: факултетите немаат одредени минимални поени за упис. Се‘ зависи од кандидатите кои ќе се пријават. Но... од искуство години наназад со Стоматолошки факултет... многу бодови ти требаат, затоа што ни квотите не се толку големи како на Филолошки на пример.
За крај заокружено имам 94 поени со две цврсти 4-ки по македонски и англиски јазик, и се' друго 5-ки. Задоволна иако секогаш може подобро, но во овие моменти не би требало да бидеме до толку самокритични, така да - супер е.
Како е тоа можно со 2 и нешто перцентили имаат 2ка. Јас имам две 4ки инаку и сум задоволна, интерните ми се двете петки.
Во однос на приговорите сакам да ви кажам дека братучед ми кога полагаше поднесе за математика за некоја задача (ама и тој за глупости перфекциониста е претерано ) си плати фино лепо 1000ка и сеа ако ти го одобрат приговорот ти ги враќаат парите, а ако не прости се до нив, и тој беше уверен дека е така, правеше муабет со надлежните, тие го убедуваа како не може нив тој да им кажува толку искусни професори и математичари бла бла и не му го признаа. Како тој така и други поднесувале и на никој не ги вратиле парите, и ученициве многу се жалеле и бунеле, најверојатно некои и во право биле, ама кој да ги слуша, кој ти враќа пари ако си му ги дал веќе
дааа извини мене грешно ми се видоја оценкитее извини а на што ке се запишуваш? [/quote] I jas sum za medicina.. Kako sto citam ima mnogu za na Medicina.. AJde kolegiii !! ti na sto? :geek:[/quote] a kade na medicina?