Ве молам за љубезност сега ќе се запишувам на факултет но имам многу прашања околу тоа... -Дали семестар е исто како и едно полугодие во средно? - Што е сесија? - Што се колоквиуми? - Во еден семестар дали предметот се полага еднаш или два пати не знам навистина како оди тоа? - дали на крај на прва година се полага нешто какомво средно годишни тестови за цел материјал? Или предметот се полага на делови, а не наеднаш се?
- Да, семестар е полугодие.Има два семестри-летен и зимски -Сесија е однапред определен период во кој се полагаат испитите кои ќе ги пријавиш.Се истакнуваат датумите кога ќе се одржат испитите, па си планираш колку да пријавиш (колку ќе можеш да спремиш) зашто сесијата трае кратко и испитите се блиски датуми. -Колкоквиум е нешто како што во средно се правеше тест.Некои професори испитот го делат на два или три колоквиуми.Со положени сите два/три колоквиуми си ослободен од полагање на испитот(значи, си го положил преку колоквиум). -Во еден семестар ,,слушаш,, (одиш на предавања) по 3 или 4 предмети и само тие имаш право да ги полагаш (додуши на секој факс е различно), и тоа само еднаш во испитната сесија.Ако паднеш, тогаш ќе чекаш наредна сесија. -Нема крај на година, туку крај на семестар.Секоја студиска година е составена од два семестри (летен и зимски).Обично се 4 годишни студии со 8 семестри (4 години по два семемтри). Тешко за објаснување..
Зависи кај ќе се запишува ама кај мене беa 3 колоквиуми плус завршен испит. Сите задолжителни.. @delreymarie
- Не баш, во еден семестар слушаш 3-4-5 предмети (зависи од факултетот) и по завршувањето на семестарот завршува и слушањето на предметот. Полагаш и добиваш оценка. Има летен и зимски семестар. - Сесија е период во кој се полагаат испити. Во период од неколку недели ги полагаш сите предмети. Некогаш имаш ден-два разлика, некогаш може да се случи да полагаш два предмети во еден ден. - Колоквиумска недела е 'сесија за колоквиуми', ама ја нема на сите факултети. Колоквиум е дел од испитот, за еден испит може да има два или три колоквиуми, и на некои факултети, доколку ги положиш колоквиумите добиваш оцена и не одиш на испит. На некои факултети колоквиумите те ослободуваат од дел од испитот, а на некои факултети, пример медицина, полагаш и колоквиуми и испити. На колоквиум не мора да се појавиш (ама препорачливо е бидејки е полесно) и можеш директ да одиш на испит. - На крај на секој семестар има испити, ама, доколку испитот слушан, да речеме, од септември до декември не го положиш во јануари, имаш право да го полагаш во сесија мај/јуни и уште еднаш в август/септември.
Дали ги има некој филозофија прашањата за гимназиско образование, или некои прашања што ви ги дала професорката за учење, јас заради нешто лично неможев да отидам да полагам и знам дека паднав и знам дека ќе полагам во август но прашањата ми се проблем зашто јас тие прашања што ги имав и ги учев се различни од тие што ги имало на тестот, барем така ми кажаа тие некои што ги прашав како поминале. Затоа pls ако сака некој да ми помогне.
Знае некој од што се состои приемниот на Музичката академија во Штип? Сакам да се запишам на Теорија на музиката и музичка педагогија.
Decki znae nekoj kako e na polaganje interen predmet? Testatori se od drugi skoli ili opd nasheto, se prepishuva li, popushtaat li? Polagam utre istorija interen nemam chepnato prashanjata. Izvinete za fontot go preinstalirav laptopot i se mi se izbrisha.
сестра ми полагаше денес било многу лесно се препишала од школо професорите и биле тестатори немало никој од надвор
Луѓе може некој на кратко да ми објасни како да пресметам просек ? За сестра ми е , се запишува во средно
Исто и мене ме интересира ова Читав на една страна дека крајот на август се поднесуват документи, али сакав да си прашам уште еднаш тука.
Се мислам дали на психологија да идам или пак на безбедност и финансиска контрола ако може некој што студира тука на овие да ми каже како што е и што вие би ми препорачале, фала многу. И да како се пресметуваат поените за упис на факс?