Инаку за сите оние кои планираат да поднесат приговор, пред залудно да ги фрлите парите проверетe колкава е границата до следната повисока оценка. Од искуство ги прифаќаат само оние кои се на граница меѓу пониската и повисоката оценка. Приговорите во оние случаи кога оценката останува иста, а перцентилниот ранг треба да се зголеми не ги прифаќаат.
51,46 e 3ка... Мислам дека не вреди Дали е 3ка или 4ка не е толку битно. Поважно е колку поени вкупно имаш. Пресметај со овој успех колку поени имаш, а потоа со најнискиот перцентил за 4ка. Разликата ќе биде помалку од еден поен и не ти менува многу. Не те разбрав баш најдобро?
Колку пати да се повтори ... НЕМА ГРАНИЦА! Ако 54% перцентилен ранк бил а имаш 5ка, тоа значи дека тестовите и не б Биологиј неѓа шанси да е вака , ја 4ka имам и тоа јака како ми кажа проф , а 34 перцентилен ранк ми е
Значи нема јако или слабо за некоја оценка. Комисијата ги проверува испитите и ги оценува со поени и оценка, а потоа други од ДИЦ (кои се занимаваат со статистика) ги изработуваат перцентилните рангови врз основа на резултатите од цела држава. 4ка биологија е во перцентилен ранг од 34,16 па нагоре се до границата со 5ка. До 64,76 е 3ка англиски, потоа доаѓа 70,99 и тоа е веќе 4ка.
Пишува во упатството дека треба да се обратиш до училишната матурска комисија (во твоето училиште) и тие ти даваат образец за приговор кој потоа го доставуваат во ДИЦ заедно со уплатницата. Откако ќе бидат објавени резултатите од приговорите можеш да закажеш увид исклучиво лично. http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=O6dtQQpiV3o= (во делот приговори 2018 )