Ме интересира како оди после со аплицирање на втор уписен? Се земаат документите од првиот факултет каде се аплицира? Можат да се земат ако си примен на првиот уписен на друг факултет? Сакам да аплицирам и на вториот, иако треба да бидам примена веќе на првиот факултет. Во тој случај, може да се земат документите? Нели факултетите имаат правило каде што не можеш да ги повлечеш свидетелствата најмалце три месеци. Или тоа е после потврдувањето дека таму ќе студираш? И ако ги повлечам документите, ќе ја повлечат мојата ашликација?
Колку што се сеќавам, изјавата за неподигање на документите ја генерира iKnow системот и се потпишува при поднесување на документите. Ако ги земеш документите од првиот факултет и бидеш примена, а нема да платиш прва рата во тој случај ќе те сметаат за одбиена и твоето место ќе биде слободно во вториот рок. А доколку платиш прва рата на првиот факултет, тогаш не можеш да ги побараш документите и да аплицираш на друг во вториот рок. Се надевам сфати што сакав да кажам.
Дечки, како ученик во приватно школо каде што не полагавме екстерно што треба да ставам за оценки таму? Сите 5ки?
Епа поените се сметаат според оцените кои ќе ги внесеш кога ќе се поделат со нивниот број. Колку оцени ќе внесеш спред свидетелството, според тоа ќе те рангираат. Кога ќе ги поднесеш документите на уписите, ќе видат каде си учела, нема што да се предвидува. Како можеш да внесеш 5ка за нешто кое воопшто немаш полагано.
дечки се регистрирав јас на i know пред некој ден ама не ја потполнив одма пријавата и сеа неможам да се уклучам пак ми вика дека не ми била точна лозинката чаре??