Здраво дали некој може да ми помогне во врска со тоа како се пресметуват поените за упис на фалкултет сакам да се запишам во Штип,општа медицина .
Здраво дечки да ве прашам нешто во делот на електронско пријавување за во студентски дом има еден дел за статусот на брат/сестра, мојата сестра сега заврши 4 год и не е ученик а не е и студент,во тој дел што да напишам?
Дали може да ми ги наброите СИТЕ документи кои се потребни за упис на факултет? Значи сакам да знам детално што се треба да носам при уписот.. Знам за сите 4 свидетелства (оригинал), диплома од средно (оригинал), извод (не знам дали мора да е оригинал и колку стар), државјанство (каде можам да го извадам), потврда за вакцини (???), дипломи сертификати??? слушнав и за некакви уплатници, какви се тие, дали мора на точно одредено место да се уплатат?, и што друго ми е потребно? Ви благодарам однапред.
Државјанство се вади во телевизија (каде што се сликаш за пасош), а не знам дали е потребно потврда за вакцина. За најточни информации погледни на конкурсот. Таму пишува што е потребно.
УКИМ почнува од 1ви октомври, УГД низ темите прочитав дека почнува од 15ти септември. За другите универзитети не знам, побарај на нивните страни во зависност каде планираш да аплицираш/студираш.
Сите документи мора да се оригинал и пожелно е да не се постари од 6 месеци, во случај да не ти направат проблем на некој факултет. Извод се вади во Управа за водење на матични книги (се наоѓа преку Камениот мост, во старата зграда на Комерцијална банка), а државјанство во МТВ. Инаку извади што побрзо бидејќи за изводот се чека неколку работни дена (мислам дека 5), а државјанството го даваат веднаш. Потврда за вакцини не треба за ниеден факултет, а дипломи и сертификати не носат никакви плус поени така што немаш потреба ни од тоа. За уплатниците, откако ќе ја пополниш пријавата во iKnow ќе ти се генерираат автоматски со твое име и презиме и такви ќе ги уплатиш без разлика во било која банка или пошта. Друго што ти е потребно е мислам пријава и таксена марка (на уплатица или преку СМС) и за ова информирај се на страната на факултетот, таму е најдобро објаснето. Се надевам дека ти помогнав.
Дечки до кога можеме да се пријавуваме електронски на уким има ли дата или до денот кога ќе ги носиме документите во факс?
Дали за електронското пријавување за во студентски има ограничување во текот на денот кога можеш да се пријавиш бидејќи навечер воопшто не сака
Татко ми беше учесник во војната во 2001 и на уверението пишува дека е припадник на безбедносни сили а работи нешто сосем трето. Прашањето ми е дали ќе ми важат нешто плус поени и ако да кои документи треба да ги однесам?
Мислам дека погоре некој пиша како ништо плус освен свидителствата и дипломата нема да ти донесе поени
здраво дечки се пријавив на пмф и не мие доволно јасно што значи ова доколку некој знае нека ми објасни :п