Плус поени не, ама ако во електронската пријава кај специјални услови ставиш припадник на безбедносни сили ќе бидеш рангирана на таа ранг листа што е еден вид на приоритет ако имаш помал број на поени сигурно ќе влезеш. Воедно, нема да плаќаш партиципација. (извор: http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/639_Konkurs I - 2018-19.pdf)
Да прашам, дали е дозволено да се запишеме како редовен студен на некој од факултетите на УКИМ, а при тоа да сме вработени?
Да си вработена т.е. во работен однос не, ама да работиш да. Неосигурана и без придонеси и сѐ друго, односно "на црно" ако можеш.
Дали треба електронската пријава да се испринта или не? Треба само да го знаеш тоа бројот кодот што и е да е или? И ако некој знае да ми каже колку минимум поени треба да имаш за безбедност одбрана и мир на филозофски?
Треба да ги имаш сите линкови кои ти се дадени за симнување и се дел од пријавата. За поените, можеш да провериш на страната на факултетот како оди примањето предходните години.
На техничките факултети и на медицина (освен тригодишните смерови) воопшто нема упис на вонредни студенти, што значи дека мора да се запишеш како редовен.
Во делот кај проектна задача требаше да се пише предметот по кој сме правеле проектна или насловот на проектната?
Не може. И во електронската пријава кога ќе пополнува ќе види дека нема таква опција, туку само редовни.