Не не, нема никаков код. Само испечати си тие документи, земи уплатници, среди тоа во банка и терај на факултет.
Добро,а таксената марка се уплаќа во пошта или банка, така ли? На документите од елек.пријава утрешната дата ли треба да се напише или датата кога е потполнета елек.пријава?
Даа да сега сконтав уствари се си имаме ако сме си принтале од тоа на електронската пријава , и освен уплатница друго ништо не ни треба
Дечки, дали знаете кога излегуваат резултати од филозофскиот факултет и дали ќе може да ги видиме на нивната страница?
На 4ти прелиминарна а на 6ти конечна ранг листа, може да се види на iknow страната за електронски уписи. Кој институт избра?
Според тоа што ми го објаснуваа професорите, прелиминарната се заснова само на оценки, а потоа се гледаат дипломите затоа што некои имаат државна матура од сега, некои од 2007 некои виша школа некои од странство.. и ги рангираат во квоти (има некои чии родител е воен ивалид, чии родители зимаат социјална помош, итн.)
Дечки денес кога купуваав таа пријавата од една книжарница за на финки жената таму ми кажа дека 1400 денари за книги на финки требало да уплатам на денот на уписот и уште 140 ми рече незнам за што и 750 за активности на факултетот мислам рече и тие 6150 башка и уште некој пријави да купам многу ми дојде па некој да не знае нешто повеќе за ова а уште и ми кажа кај неа да сум ги купувала книгите за на финки сите ги имала која е поентата да давам 1400 денари ако ги купувам книгите или женава се зафркава затоа што мене така ми изгледа ова сето за на 7ми или 10ти коге ке се запишувам
На повеќето факултети на, листата што ќе ја објават на 4ти септември е всушност список на сите пријавени по азбучен редослед од iKnow (нормално само со ИД броевите без име и презиме), а на некои факултети прелиминарната е според бодови, но не е конечна бидејќи може да се испраќаат приговори. Конечната ранг листа е според смерови и број на освоени поени и таа е конечна. Според неа се запишувате. Откако ќе бидат објавени конечните ранг листи, на страната на ФИНКИ ќе видиш кои се документи и уплатници се посебни за упис. За книги во никој случај не плаќаш преку уплатница, туку од книжара/копирница ги набавуваш, а за ФИНКИ па плус имаат и електронски материјали за учење, не знам ни дали воопшто имаат печатени книги.
Најдоцна до крајот на првото полугодие, т.е. 31 декември треба да се предадат пријавите за државна матура.
Праќаш порака на еден број со содржина ТМ Име и Презиме 50 и по неколку секунди ти стигнува порака со код и тој код треба да го запишеш во долниот лев дел од универзитетската пријава на местото каде ти е означено за административна такса. Најверојатно за овој код станува збор зошто е по практично и не се плаќа провизија башка чекање на шалтери за една уплатница од цели 50 ден.