Со среќа на сите, се надевам дека ќе се запишете каде што сакате Има ли некој што ќе се запишува на фармација??
Хухуху цело време чекам некој да пише дека ќе се запишува на фармација. Се надевам ќе бидеме колешки, со среќа!
Дали знае некој за на Финансиски Менаџмент колку треба поени да имам за да влезам во државна квота.. Јас имам 96,4 и ме интересира дали се доволно , а знам дека конкуренцијата е голема
Па тоа не се знае. Секоја година е различно. За тој смер знам дека секогаш е најголема конкуренцијата таму е посебно оваа година. Доста матуранти од мојата гимназија сакаат да се запишат таму.
Девојки,на финансиски примаат 64 во државна и 63 во приватна,така некако беше,околу 120 души примаа се на се. И не се секирај,со 96 влегуваш во државна!
^Не е сигурно, лани како што ми рекоа 96,нешто државна, 93,нешто приватна. Пред таа година приватна беше мислам со 91. Значи секоја година е се потежок влезот
Ако има некој од претходниве генерации на медицниски во Скопје, нека каже обично со колку поени се влегувало во државна квота кога тие се запишувале?
Od 6 godini znam deka sakam jazici da ucham,i sea koa dojde vreme mi vikat da odam drugo,za da sum imala nekoja struka,a jazici da ucham na kurs ...problemo e so neznam so drugo bi uchila ..:/ a i nz koi jazici da gi zemam .. alguna opinion
Девојко,батали ги другите. Другите се небитни. Ти си најбитна. Ти велиш од 6 години сакаш јазици? Бравос,тоа е за пофалба уште толку мала да знаеш што сакаш. Немој ни да си се двоумела,човек е многу поуспешен кога го работи она што го сака! А сега за кои да ги земеш,оние што си ги учела во средно или некој што имаш желба да го учиш.. За тоа треба на Филолошки убаво да си прашаш,како што.. Јас мислам дека најголемата грешка би ја направила ако не одиш на она што ти го сакаш.
Да не има на форумов уште некој стипендист на Фон, или да си плаќа не мора стипендист Да видам дали ќе имам колешки и од овде