Се мислев дали во темава да пишам или во темата за медицински факултет, но тука повеќе одговара веројатно. Епа вака годинава сум матурантка, нели прво следи проектната задача, па професорите веќе ни викаат да бираме тема и кој предмет, на време да си смислиме, да не е се 5 до 12, секако до крај на полугодиево требало да ни е одбрана. Ќе запишувам општа медицина, втор план ми е фармацевтски факултет за секој случај ако матурата не ми пројде ко шо треба. Што предмет да ја бирам проектната? Биологија или хемија најсигурно е? Или пак можам и стручен предмет? Средно фармација сум. Ама дали ако изберам фармакогнозија пример ќе ми носи поени и на општа медицина, за на фармација сигурно дека носи знам, но конкретно ме интересира за на општа медицина? Фала ви уште од сега
Совет од мене бирај си го најлесното затоа што од проектната само оценката ја гледаат јас физика појма немаш како ми беше скоцкана проектната научена презентација све имав со 11 бода 5ка од банални причини а некој 5 реченици што кажаа едвај имаа исто 5ки си поминаа со пола саат учење пред бранење така да
Не е важна темата за проектната, ја гледаат само оцената, така да избери си нешто што те интересира. Ако добро ти оди англиски тоа е одличен избор, можеш да пишуваш буквално за што сакаш Инаку одбраната е негде средина на март.
Кодовите од административните таксени марки за запишување и заверување на семестри каде треба да се внесат на iKnow?
Оди кај запишани семестри имаш поле таксени таму внеси го ама откога ке запишеш предмети електронски јас запишав вчера и после тоа ги внесов кодовите и за пола саат ми ги верифицира
Треба да ти стигне меил за промена на лозинката од кога ке ја смениш ке те најави на почеток ке ти вика дека те нема во системот ама ти стисни заборавена лозинка и пиши го меилот и кога ке ти стигне смени ја лозинката
Може некој да ја објасни постапката за запишување на семестар прв циклус студии? Што прво треба да се внесе?
Ако си платила во пошта, тогаш ништо не внесуваш. Но, ако плаќаш преку смс, кодот и сумата ги внесуваш на iKnow.
Некој со ваков проблем? Таксени уплатив само еднаш преку порака а еднаш во пошта, и сеуште стои X кај документација.
Дечки може да ми објасните што треба да се направи на iknow системот, читам што претходно сте пишувале меѓутоа не разбирам.. Прва година сум, ми дава да се најавам и сега што треба да правам??