Се мислам дали преведување и толкување или книжевност сум против преведување и толкување поради тоа што како втор јазик мора да се избере јазикот што си го учел во средно, додека за на книжевност ме кочи тоа што има само испити и + мноооогу дела за читање.. па здравје, ќе видиме како ќе биде се` најдобро! и секоја чест за решителноста
Да не знае некоја што документи требаат за вадење на државјанство, ве молам пишете ми во ЛП итно ми е .Фала
ништо посебно не ти треба само ке уплатиш во пошта и ке пополниш таму нешто во полиција и толку за 1 ден го добиваш позз и јас
Здраво идни колешки И јас планирам да се запишам на Филолошки и се мислам уште на што да се запишам. Би сакала да студирам англиски и германски, али не знам дали ќе можам на книжевност да ги земам двата дека сакам да учам наставна насока и да можам да предавам на двата јазика,али ако не може тогаш на англиски ќе се запишам сигурно. Знае некој дали има можност да се земат двата јазика на книжевност? Иначе немам ни јас извадено државјанство па ќе одам деновиве, баш се мислев кои документи се потребни. Фала ви што пишавте
^ Не може да се земат двата јазика, за жал. И мене минатата година ми се скрши филмот, ама тоа е. Ајде колешки, ве чекаме
Јас баш заради тоа што не можат два јазика на книжевност, ќе одам на ПИТ. Ме маваат некои филмчиња во последно време, да одам само на англиски јазик и книжевност, ама па зошто да не го научам германскиот кога веќе учам. Инаку воопшто не ми сметаат сите тие книги, дела што треба да се прочитаат, криво ми е оти мислам на ПИТ не се работат сите. И што одлучивте другите, м ?
Јас се мислам помеѓу Филолошки во Штип или Медицински-Оптометрија и очна оптика.....Ги сакам јазиците, ама и за ова другово ме трга срце, плус и ми е по струката од средно.... Стварно треба добро размислување
^ Епа не може. Сменат е системот. Бар за нас минатата година не можеше. Ама не верувам дека оваа година ќе го вратат по старо.
Да. Ако си на англиски и книжевност, завршуваш англиски и книжевност, само под Ц како изборен мислам дека можеш да земеш некој. Тој не дека ти менува нешто, го учиш оноа како најосновно ниво. Абе, па знаеш, не може секој да знае се, може и е добро кога веќе учиш еден онака ептен да се устручиш. Само, јас сепак сметам дека лично подобро би се снашла со англиски и германски, отколку само со англиски.
Јас исто планирам да се запишам на ПИТ, е сега прашањето ми е- Како се избира 2 јазик ако во средно си учел само англиски??
Па ќе си пишеш кој го сакаш. Веројатно. Него, мене малку глупаво ми е тоа да го пишеш јазикот што си го учел во средно. Ами ако си учел руски, или ако не си учел ниеден јазик освен англиски ?? Што знам, можда тие од студентски прашања сакајќи да олеснат кажуваат да си го пишеш јазикот од средно. Така е најверојатно затоа што не се почнува од азбуката, туку право со некое поедноставно ниво од вториот јазик. Што корист имам јас од германскиот во средно, кога одвај разбирам нешто, колку да се рече ?! Евелин, распрашај си се убаво. Освен дека ќе ти биде малку потешко првите 4-5 месеци, не гледам друга причина да не се запишеш на втор јазик германски. Па ќе си бидеме колешки. А и францускиот не е толку ужасен, сигурно самата професорка ти го направила одбивен.
Да да, во 4 години сменивме 5 професорки француски :/ за разлика од францускиот шпанскиот го сакам и говорам многу повеќе и подобро од францускиот и затоа би сакала да го студирам но ете.. -.- пуста наша држава да неможеш да одбереш тоа што сакаш да си го учиш :/
Јас знам дека една моја другарка сакаше шпански, ама не и дозволија затоа што не го учела во средно, а ми кажуваше дека некоја девојка сакала да запише кинески како втор и не и дале затоа што го немала учено. Е ај кажете ми во кое школо се учи кинески... Spoiler А може ли воопшто да студираш кинески кај нас или јас зборам глупости? Прашајте, можеби можете да запишете друг јазик ако имате одено на курс, па можеби ќе најдете некаде интензивен едномесечен курс, колку да можете да запишете
јас познавам едно девојче коа како втор јазик го има кинескиот, и не, го нема учено во средно, а мислам ни на курс нема идено , а не сум ни чула до сеа да има некаде курс по кинески