Дечки слушнавте дека оваа година може и социологија за екстерен предмет,било првпат воведено од оваа година. Јас сакав историја екстерно ама лани имало многу прашања кои воопшто ги немало по учебниците,самите професори кажаа.Па најверојатно филозофија ќе одберам екстерно
Здраво. Оваа година сум матурантка и сакам да се запишам на Архитектура. До сега за матура имам избрано Македонски, Математика, Филозофија(екстерен),Физика(интерен) и Ликовно(проектна). Но, се мислам дали да земам филозофија или хемија(имам одено на повеќе натпревари). Ако може некој со искуство да ми даде совет околу избирањето предмети за Архитектонски
Здраво.Ја разгледував страницата за државна матура каде што има испитни програми за секој предмет кој се полага.Тие се дадени во 6 подрачја и во секое подрајче има теми и лекции за соодветниот предмет.Сакав да прашам дали само тие лекции и теми што се дадени таму треба да се учат или комплетно сe' од учебниците? Затоа што приметив дека по социологија во испитната програма има скратено некои теми,воопшто не се напишани. Поздрав
Мислам дека само тие теми што се дадени во програмата, сепак прашај и во школо ама прилично сум сигурна дека е вака
Кога да почнам со матурата да се спремам за сигурна 5ка ако се земе предвид дека полагам биологија и математика како екстерен? Според вас, колку време би требало да се спремам и тргнувајќи од кога? П.С. Иначе појма немам биологија, не учев изминативе години воопшто освен во трета, а сакам да бидам примена државно во Словенија.
И јас биологија почнувам од деновиве да се спремам по малце, не оставам ништо 5 до 12. А за време, па зависи од тебе. Колку брзо ќе сфатиш и ќе го научиш материјалот, сепак индивидуално е.
Не знам колку простор имате измеѓу полагањата. Јас биологија го полагав екстерен и се спремив за 10тина дена, ама предметот ми одеше многу па не ми беше тешко. За математика не знам да ти кажам ама исто зависи колку добро ти оди предметот.
Па засега ништо немам чепнато биологија, значи отприлика сакам да знам колку време треба максимум во случај да не ми оди затоа што сиве овие години освен во трета ни пишуваше 5ки буквално без книга отворена, прво затоа што ни беше класна, а сега затоа што сме 4та, а математика досега една четворка и сите други петки на писмените, макар што на некои писмени се знаело да го прашам и да ми ја прераскаже цела задача, зашто постапката не ми текнуваше кај логаритмите(1-2 пати) и плус да ги прашуваме другите класови за некоја потешка задача што се паднала. А генерално задачите што ни ги дава на час ми се тешки и можам околу 50% да ги решам, а за на писмена се далеку полесни. Значи колку време општо треба за здраво спремање, без да се има било какви познавања по предметот? Среќа македонски завршив уште летото.
Мислев максимум колку време да посветам без разлика на сите други околности. Така да прашањето ми беше колку просечно или ето максимално време останатите учат за да си планирам и да одредам deadline
Со оглед на тоа што треба да ги поминеш сите 4 книги од сите години, ке ти треба повеќе време. Јас учев некој месец дена уназад, и извадив 5ка Пиши слободно ако сакаш повеќе инфо
Дали македонски материјалот што се полага е исклучиво од прирачникот и дали е многу тешко? Викаат дека било многу тешко и во главно слаби оценки се ваделе па ме интересира вашето мислење
Колку што можев да приметам скоро 90% е од прирачникот, ако си учела и претходно нема да ти биде тешко Мене не ми беше многу тешко, фокусирај се и писмената да ја напишеш добро и ке извадиш добра оцена И земи испринтај ги прашањата од претходните години знаат и тие да се паднат, или слични на нив
Здраво, сакам да ве прашам нешто во врска со уписот на архитектонски факултет. Колку поени се одземаат или поточно како оди бодувањето ако за втор предмет (после македонски ј.) имаш земено англиски јазик, а таму стои дека треба математика (за архит.)?
А колку бодови се од оценките од сите 4 години, а колку од матурата кога се работи за упис на факултет?
Не сум сигурна мислам дека е 60% оцени 40% матура, или обратно не знам Во секој случај многу е битна матурата, на некои ептен им крена просек, а пример беа послаби сите 4 години
Дечки помош! За матура одбрав биологија како екстерен зашто така ми налага факултетот т.е. Медицински ако не сакам да изгубам поени, ама проблемот е што во последниве 4 години воопшто книга нема отворено, а сакам 5ка. Можно е ако почнам со учење од февруари? Што ме советувате колку интензивно да учам и што од материјалот да поминам? П.С. Со сите петки сум, замислете
Вака, не знам на кој Медицински факултет планираш да го продолжиш образованието, но ако се размислуваш за Скопје ќе ти требаат прилично високи поени. Зборувам за 90 поени па и повеќе во зависност од успехот на генерацијата. За биологија конкретно, материјалот не е многу тежок или барем мене не ми беше со оглед на тоа што сум одел на натпревари. Обрни внимание на регулаторните процеси на системите, од темата цитологија поретко се паѓаат прашања. Добро научи ги преодните форми во делот еволуција (често знаат да ги дадат). Исто добро помини ги процесите во генетиката, транслација, транскрипција, репликација, гени, митоза и мејоза. Се надевам ти помогнав. П.С. ако се спремаш за на медицина потковај се добро барем со некои елементарни знаења ќе ти послужат од мое искуство ти кажувам. Поздрав!