Ќе полага некој математика? Доволен е прирачникон од просветно дело за 5ка или треба плус да се вежба? Најголем страв имам за дефинициине, ниедна не знам..
Почнавте да се спремате за матура вие 4та по форумов? Јас разгледував англиски според новата програма сега вежбите изменети и некако ич не ми се допаѓаат. Ептен двосмислени прашања поготово кај делот читање со разбирање што се дадени ко примери во испитната програма, а баш мислев за англиски да не се замарам многу и дека ќе е лесно.
По македонски јазик да, поточно повеќе со професорот се спремаме и почнавме со прелистување на целиот материјал. За англиски професорката ни ги објасна промените и мене ми се чини лесно, бидејќи тоа го вежбавме и пред да кажат за тие промени и тестови со такви вежби праевме. Англиски и јас не планирав многу да де замарам, но секако ќе земам да ги решавам тестовите од матура од претходните години и на тој начин ќе се спремам. А за другите предмети уште немам почнато. Најмногу страв ми е за македонски
Има измени према старите тестови сега видов задачите се речиси променети скроз со некоја сличност шо не вршат баш работа. Мене па за македонски не толку колку што за биологија, бидејќи последните 2 години немам учено тоа и сега се треба одеднаш... Нас уште не не ни спремаат ништо се што сум вежбала и учела сама јас праам...
Знам дека има измени, но реално за англиски нема како да се спремаме, тоа е општо познавање на јазикот, а и нема да има баш граматика во тестовите. Инаку за македонски и јас почнав сама најпрво од прирачник, но сега и со професор и полесно ни е и да сфатиме и да се потсетиме на некои работи што паѓаат на тестот од прва, втора година...Како и да е се надевам ќе биде лесно и супер ќе поминиме
Кога си кај биологија, ќе учиш за растителни ткива? Нас ни рекоја дека не би требало да има зашто во средно медицинско не учеле за растенија
Па не, само тоа во испитната програма што го имаше на државна матура сајтот, само тоа ќе го учам веќе читам нешто полека, ти почната ли си?
Јас почнав со втора година за цитологија и генетика зашто и јас како тебе не учев, а во испитната програма пишува дека треба за растителни ткива....ама шо е многу, многу е. Од утре еве сакам со трета година за околу 20тина дена да ја поминам, за во мај четврта и прва, нормално само за тоа што е дадено во програмата.
На приватните факултети има, а за ФИНКИ можеби имаат, не сум сигурна, разгледај на нивната страна, би требало инфо да има шо смерови имаат, тој е најсоодветен за тоа од државните.
http://www.tmf.ukim.edu.mk/Index.aspx?id=ptb&page=static&grupa=ndodiplomski http://www.ff.ukim.edu.mk/дипломиран-лабораториски-биоинжињер/ Мислења?