Едната тема е слободна, а другата наликува на слободна, ама и не е баш така слободна. Тие општествено-социјални услови кои владеат денес, се спомнувани и во лектирите. Ние треба, т. е. е пожелно да поврземе со некој лик од лектирата која најдобро соодветствува на зададената тема. Секако ова не мора да значи дека ќе е така. Меѓутоа, посекако треба да се вметнат аргументи во главниот дел, што значи дека или ќе искористиме нешто од лично искуство или од лектира.
Завршувам трета година и проф. англиски ни кажа нешто сменета била матурата оваа година т.е била потешка а до наредна година уште измени ќе претрпела. Ја искрено уште од сега (ќе речете рано е) ме фаќаат морници како ќе положам англиски Учам медицинско , сите ми се 5 англиски од 3ка не мрдам и тоа 3ката е онака со одговарање , со тестче па вака онака значи реално моето познавање англиски е меѓу 2 и 3. Не знам како може толку да не ми оди , едноставно немав у основно никаква основа онака го учев јазиков... Ме фаќа страв како воопшто ќе се спремам јас за матура.. Ај вака граматикава нешто ама есеј ја да пишувам , боже пази ќе биде ко бушава азбука дали 1 реченица ќе ја склопам граматички точно а проф. кажа ако сме оставеле празен есеј не се прегледувал тестот
Ќе бидат дадени две комплетно слободни теми во кои не мора ни збор да вметнеш поврзан со делата. Точно е дека оваа година имаше некои измени за разлика од претходните, со што направија олеснителни околности. Тргнаа некои вежби, а други пак додадоа. А за догодина знам дека ќе се додаде и вежба listening што малце ќе ве закочи. Ама немај гајле ајде, не се замарај уште сега, прво изнасликајте се таму октомври-ноември за табло па после мисли му ја. Реално, треба да си ептен дупка по сите предмети за да паднеш. Уживај си уште една година во средно!!!
Нема да знаат на која тема си пишувал сепак не знам, ќе видиш во јули дали и ти го бодувале... Јас убаво пројдов овојпат, подобро од англиски 100 пати.
Дали е точно да се пишуваат и за и против аргументи во темата? Зашто пишував и позитивни и негативни страни во есејот и сега се мислам
Денеска бешее подобро за разлика од англиски. Очекував обратно. Прашањата беа горе доле лесни, реално кој си учел немаше проблем. Имаше и некои што се повторуваа од претходните години. Па не измислуваат топла вода, тоа е материјалот. Темите исто така беа погодени за разлика од англиски. А тоа името на островот Хакндлцодк буква по буква сум го препишувала. Него тестаториве да ви кажам право ни е**а мајка... не се мрдаше, само во две или три училни се препишувало. Инаку и јас полагам БИОЛОГИЈА, не знам со кој памет избрав искрено. Ама уште тоа дa истераме, па интерниот немаме гајле. Многу голема фама се дигаше, претходно си ја замислував матурава којзнае што.. easy peasy lemon squeezy
@Valencia @Dream-Girl имам некое чувство дека биологија ќе е... Абе кој си учел на време ќе си знае,кој не ќе си ја треска главата од ѕид(читајте јас(@GirlRose ))
Сакам да прашам ...сите години досега сум со 5ки но матура мр плаши, колку најниски можат да бидат отцените од матура за да ме примат скопје на медицински факултет
И ја сум како тебе, сите 5ки досега, не можам да дочекам резултати од матура за да сум сигурна за поените. Секоја година има различни поени и критериуми, горе доле се движи 90-93(4) последен примен. Ама ако имаш над 94-95 (пример една две 4ки или две 5ки и една 3ка) би требало да си(сме) примени. Кога ќе има резултати ќе пресметаш оценката по 2, па по перцентили делено на 100 и ќе имаш конечни поени.
1. Важноста на статусните симболи во социјалниот живот на младите 2. Секој човек треба да има факултетско образование
Е не знам стварно, секоја година е различно. Прво нека објават конкурс колку ќе примаат оваа година во секоја квота, а и зависи во генерацијата општо какви резултати ќе се има. Лани, пример беа многу послаби, многу малку имаше со 99 поени према претходни години. Сите зависиме еден од друг и сега само може претпоставки да даваме, ништо не е сигурно...