А уште нешто да прашам според вас знам дека нема поени и такви работи денеска полагавме македонски матура и доколку имам околу 12 прашања згрешено тогаш според вас каква отцена би имала?
Ќе си ги почекаш резултатите не би можел некој конкретно да ти каже затоа што има различен вид прашања кои носат различен број поени.
Dali nekoj polaga estetika vo vtornik Ili pa nekoj ako znaj materijal vo elektronska forma kaj mozham da najdam neka pishi.
Има ли некој вратено ако има сличен тест со некој кој е во иста училница со него? Или пак,мора да се идентични скроз? Вака прават да не заплашат или што,ете не знам.
Некако не беа баш лесни прашањата како што очекував зашто од претходните години тестовите поедноставни ми се чинеа. Не сум баш најзадоволна, мислам дека можеше да биде и подобро. А како се погоди и најстрогиот тестатор
Напишав и решив ја се, колку е точно и како ќе пројдам во јули ќе видиме. Прашањата беа ептен трик и од материјал што првпат у живот го гледам. А учев и се спремав одамна. У главно не беше лошо сепак.
Леле луѓе јас сум разочарана... во прва и втора одев на натпревари. Поголемиот дел од прашањата денес беа од молекуларна, што нели се учи во втора, тогаш освоив трето место државно и прашањата беа каде каде полесни. Толку се испопбунив и разочарав, а за тоа листовите кај што треба да ги боиме лом. Неколку згрешив, на пр тоа со татковиот хромозом што ќе го наследат ќерките. Ја обоив машки. Е ај сеа... Исто така кога ги решавав прашањата од минатите години абе БОЗА. Ова денес ме загорчи како цитрон. А за тестаторине да не праиме муабет. Биваше ли да бидам толкав баксуз
Да, ептен беа зафркнати прашањата. И јас мислам дека ќе е спуштен критериумот годинава. Среќа имав јас многу добра тестаторка овојпат инаку сигурно во август ќе требаше да полагам пак. Инаку вие биологија што полагавте претпоставувам некоја медицинска струка ќе продолжите? Што планирате вие? Јас прва опција ми е општа медицина, а недај боже ако нешто имам помалку поени меѓу фармација и стоматологија ќе видам што ќе биде. Кој ќе ги чека сега резултатите цел месец...
Абе види има луѓе снаодливи и семкарско да учат ќе се снајдат. Има луѓе и најпросперитетен факултет да учат пак нема да се снајдат. Така да тоа што тебе те влече запиши го, ако си добра во областа и ако се истакнеш и 9000 да има како тебе по професија пак ќе се снајдеш и ќе успееш.