За сите факултети лани беа 30-31 август. Најверојатно и оваа ќе биде нешто слично, се разбира ако почнува академската година на 1ви октомври, ако повторно вратат да почне од 15ти септември тогаш би ги преместиле и уписите за порано некаде 15-16 август (зборувам за прв круг).
Здраво, ме интересира што се изводот и државјанството на име РМ дали ќе ги важат за пријава на факс како РМ или мора да се извадат нови со РСМ?Бидејќи ,кога отидов да вадам нов извод нели зошто сме СМ ми рекоа дека изводот ми важел со тој печат се уште што си е РМ ии незнам дали да одам да вадам ново државјанство или не да не ми прават проблем за пријава на факс.Ако знае некој да ми каже што да правам.
Во моето училиште кажаа дека треба да извадиме нов извод, бидејќи на факс барале изводот да не е постар од 6 месеци
Јас кога отидов да ми го сменат ми рекоа дека ми важел со тој печат уште, а каков е тој печат незнам.
Дали вреди да поднесам приговор? Не ми се верни перцентилите и оценките што ги добив, према тоа што напишав. Сигурна сум дека е дојдено до грешка.
Искрено не, имам слушнато дека ретко ги прифаќаат, но ако сметаш дека навистина не е во ред оценката можеш да поднесеш приговор. Може и ќе го прифатат, има и такви случаи секако
Треба да платиш за приговор мислам дека е 1500.Ако го сметат приговорот дека е на место и ако најдат грешки во комисиското проверување,тогаш ти ги враќат парите,ако не создравје да си ги трошат парите.
За приговор се плаќа 1500 денари од предмет. Искрено многу ретко прифаќаат приговор, ама да не ти е на мисла може да пробаш. Од моите другарки и познаници кои поднесоа приговори само на една и прифатија приговор и беа променети само перцентилите, а во оценката немаше промена, така да не и значеше нешто многу промената за жал.