Можеш или мораш? Ма нема везе,ќе видиме што ќе биде кога ќе се упишуваме. Иначе јас сакам шпански за втор јазик. Buenas noches compañeros futuro
Гледам дека имало многу како мене "забеганки" по јазици, доста колешки ке имам изгледа баш ми е мило Les deseo buena noche Имам еден другар сака да оди втор јазик Јапонски ,исто така се прашува дали е можно, нема никакво познавање на истиот.
Тежок смер плус голема конкуренција.. Ако немаш над 96 поени не верувам дека ќе те примат.. Инаку навистина добар смер, се зависи од оцените, ако имаш добри оцени гоу он ..
Јас сум на смерот, ептен голема конкуренција, но годинава е зголемена квотата, така да... Ама не се замарај, ако сакаш тој смер, пиши си го под број еден и онака ке треба сите смерови да ги рангираш од 1-7, според тоа кој ти е приоритет, па ако не влезеш на финансиски, ќе влезеш на вториот или третиот што си го запишала и така натаму, се на се, ќе си видиш, се зависи од конкуренција, ти посакувам успех, идна колешке
Doozy, на ПиТ не само што не се работат сите дела, туку воопшто не се обработуваат дела. Sense, мислам дека ако имаш учено само еден јазик во средно нема да можеш на ПиТ затоа што мора да ги имаш учено двата јазика што ги запишуваш, затоа што на ПиТ ни двата јазика не ги учиш од почеток туку се смета за продолжително ниво, а курсевите не ги признаваат. Во секој случај убаво распрашај се на факултетот. Моја другарка во средно учела англиски и германски, а францускиот го знае многу подобро од двата затоа што од мала си одела на курс, меѓутоа не и' дозволија да го запише францускиот ни како втор. По првиот семестар мислам дека поднесуваше молби за да полага некои испити на факултетот за да и' дозволат да го земе францускиот. Шпански, кинески и слично, не влегуваат во комбинациите на ПиТ затоа што катедрата ги нуди само англиски, француски и германски јазик (сами си бирате комбинација кој прв кој втор јазик), а не затоа што не сте ги учеле во средно, а истите може да се одберат како јазик Ц независно на која катедра сте. Значи секој може да си учи и кинески и корејски и што си сака под Ц
Јас сум на смерот, ептен голема конкуренција, но годинава е зголемена квотата, така да... Ама не се замарај, ако сакаш тој смер, пиши си го под број еден и онака ке треба сите смерови да ги рангираш од 1-7, според тоа кој ти е приоритет, па ако не влезеш на финансиски, ќе влезеш на вториот или третиот што си го запишала и така натаму, се на се, ќе си видиш, се зависи од конкуренција, ти посакувам успех, идна колешке [/quot Хехех па иам вкупно 92 бода ..па ќе видиме ..али сакам таму ..Сите викаат тешко , претешко било ама ете сакам таму
Претешко е богами, минатата година последниот што блезе мислам меѓу 94 и 93 бода беше во приватна квота, јас имав 96,4 и сум во приватна квота, ама сега е проширена квотата, ако не ти прави разлика дали си во државна или приватна квота, држи вода да влезеш...со среќа и да се фалиш, ти држам среќа
здраво дали некој знае кои ќе бидат темите за матура по англиски ама вторто полагање во август сега што ќе биде
хејјјј дали некој може да ми каже со 83.572 бода на економски факултет на кој смер можам да влезам во државна квота
Надворешна трговија или Економија.... Можно е и на маркетинг ама потешко... Овие две мислам дека влагаш минатата година немаше голем интерес за нив... Но се зависи од интересот годината..
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Пријава за запишување (од книжара) со административна такса од 50 денари (на соодветна буџетска сметка во зависност од местото на живеење на кандидатот) (превзени сметка за административна такса) -Интерен пријавен лист или се подига од Службата за студентски прашања -Оригинални свидетелства од сите класови -Оригинално свидетелство за завршено средно образование -Документ за положена матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) -Извод од матична книга на родените (оригинал) -Доказ за државјанство на РМ (Уверение или Решение) -Потврда за уплатени 300,00 денари со цел на дознака пријавување за упис на УКИМ Прашањето ми е, зошто болдираното е наведено како 2 работи, дали тоа е всушност истото?
^ Дали изводот и државјанството треба да бидат нови? Со други зборови не постари од 6 месеци? Некои викаат да, некои не и не знам дали да вадам нови
Мене државјанството ми е ново, а на изводот одпозади имам печат дека е траен, па мислам дека не би требало да вадам нови.
^^ Лани,нас ни бараа и потврда или уверение,што знам шо беше за тоа дека си полагал матура. И имаше фрки едно време,али фала богу дека си полагал матура кога имаш диплома,али тоа е.. После се запишавме и без тоа. Е сега не знам дали ќе важи и оваа година тоа,али сигурно нема да ви прават проблеми.
И јас имам 96.4 поени и сакам да влезам на Финансиски менаџмент. Се надевам дека ќе имам среќа. Инаку од овде кој ќе оди оваа година на Финансиски ???
па јас планирам да сум на финансиски но поради бодовите од анг. и мак. што ме зафркнаа а сум одлична ќе морам прво да се запишам на некој од оние што ми ги кажа Viiiiip а потоа ќе се преместам а сакав да прашам дали после ќе може одма да се префрлам или наредната година Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
Наредна година мора прва да завршиш и мислам се да имаш исчистено, ама тешко префрлаат за на финансиски менаџмент... од што сум слушала... Ах тој финансиски менаџмент колку солзи сум проплакала кога се видов во приватна квота а бев и ученик на генерација и сите тертипи ама таа матура жива ме изеде, ама тоа е, битно е да се заврши...