На полињата за екстерни предмети оставете ги предметите македонски јазик, математика, странски јазик и информатика (интерен), па внесете ги вашите поени и перцентили од биологија и хемија (или што и да сте полагале). Така ќе добиете колку поени имате со соодветни предмети. Истиот калкулатор би бил и на медицински само таму би ставиле биологија и хемија. Значи ќе си добиете колку всушност поени имате за на медицина, без да ви бидат одземени 6 поени за несоодветен екстерен предмет и 4 поени за несоодветен интерен предмет. Не знам дали добро објаснив, се надевам ќе ме разберете што сакав да ви кажам. Јас на тој начин си пресметав пред две години и беше точно. Со среќа
Така пресметав и ми вика дека имам 99.449 поени.. Не знам дали е можно толку да имам, од 1ва до 4та сум со сите 5 само една 4, а на матурава ми беа: - Македонски - 5 (96.48%) - Англиски - 5 (99,69%) - Биологија - 5 (97.71%) и интерен хирургија со гинекологија имав 5. Можно е да имам 99,449 поени или нешто грешка е ?? .
Да, точно е. И ја сум имала скоро 87 поени според овој калкулатор, затоа што предметот ми бил соодветен за факултетот. А, имам многу слаби перцентили на двете 4ки, но оценките ми носеле повеќе за разлика од перцентилите. А јас цело време скоро -9 поени си пресметував...
Не знам не очекував толку многу поени, си мислев над 95 ама не до толку,затоа не сум сигурна, некако многу ми се видоа
Секако имаш прејаки перцентили, а и чим ти се сите 5ки и соодветни предмети, нормално е 98-99 поени да имаш. Честитки, се надевав и ја на вакви резултати ама се шокирав кога видов што испаднало. Ти одлично си се подготвила.
Да, точни се поените. Јас не бев скроз одлична во прва и втора затоа имав 97 поени. Со среќа на уписот, сигурно ќе бидеш државна квота.
@Dream-Girl може да ми кажеш како ги пресметуваш поените? И јас ги пресметувам на калкулаторот од ФЕИТ и ми испаѓа повеќе одколку што очекував.
Супер ако е точен. Скептик сум, сите години бев многу добра, на крај ми излегува 80 поени дека имам. Како и да е, премалку се за факултетот што го сакам.
Со тој завшрен испит многу помалку поени ќе имаш,види на страната на факултетот дали примаат такви или не. Мој совет е да полагаш во август и така велиш дека си 5.00 сите години па барем за некое 2-3 мора да можеш да решиш, види и со приговор до утре може да се поднесе да не имаат превид направено не е логично скроз одлична да си и да паднеш. ******************* Девојки може ли малку помош и совет. Тој линк не можам да го отворам и рачно пресметував поени ама изгледа не знам убаво да ги пресметувам нешто грешам. Прв обид добив 72.562 ,втор пат 108.13 значи не иде. Може ли некој ако има време и желба да ми пресмета многу ќе му бидам благодарна. Еве ви инфо- оценки сите петки од I-IV само една 4 екстерно во прва. Број на предмети 13+2 екстерни прва, 14 втора,13 трета и 10 четврта. Оценки од матура македонски-5/96.48, математика-5/93.25 и физика-5/80.17 интерен хемија-5 и проектна 5.
Околу 98 или 99 поени во зависност дали си ги одбрала соодветните предмети за факултетот, во секој случај имаш високи поени
Една опција ми е електро, а другата фармација(ми беше стоматологија до пред некое време ама се предомислив многу измени направиле таму и ептен било строго). Читав на тоа што е објавено од УКИМ дека на фармација како екстерен признаваат и физика, џа интерен без ограничување пишува. Единствено за електро не знам интерниот хемија како ќе го бодуваат ако отидам таму.
Да ти благодарам многу на одвоеното време. Инаку ако одам на електро Компјутерско системско инженерство и автоматика тоа планирам.
Да не знае некој линк да проверам дали има резултати од приговорите?На страната на државна матура не ги дава.