Со 88 поени само ке си го изгубиш рокот пријавувајки се во скопје, лани деца со 89 поени беа одбиени, мислам дека подобра опција би ти била штип да пробаш но сепак изборот е твој
јас имам само две 4ки од матура, се друго ми е 5 и предметите матура се соодветно со барањата општа медицина. Имам завршено ошшта гимназија. Колку поен имам и како се пресметува? и дали имам шанси
Дали треба документите да не се постари од 6мес кога се конкурира за уписот? Конкретно за изводот ме интересира, дали да вадам нов?
Пресметај на калкулаторот на ФЕИТ, ама наместо да ставиш биологија/хемија (одн. соодветните предмети), стави трет екстерен математика и интерен информатика. Така ќе ти пресмета колку поени би имала со соодветни предмети за на медицина. А дали имаш шанси зависи и од тоа со колку перцентили ти се оцените, и по кои предмети си добила 4, колку што знам пр. побитна е оената био./хем. одколку ете да речеме англиски. Ама во секој случај односно предмет се мн. битни перцентилите. Ако не можеш да се снајдеш напиши ми ги сите оцени од матура како и перцентилниот ранг и ќе ти пресметам.
македонски - 4 - 71.95 англиски - 4 - 89.96 биологија - 5- 85.32 интерни полагав 2 хемија 5 и филозофија 5 проектна биологија 5 фала ти мн
Сакам да прашам дали е задолжително за време на уписите што се состојат од два дена, некој од мое име да ги поднесе документите биденќи можеби наме во тој период да сум Во македонија? Благодарам
фала ти. Го пресмета вклучувајќи го третиот интерен или без него? 95 проценти мислам не е лошо, јас се исплашив дека имам две 4ки бев сигурна дека би ми бил под 90
Нема проблем, инаку само за еден интерен имаш опција да внесеш ама и двата ти се 5 така да не би требало да има врска, а и јас мислам дека не е лошо, барем не за во приватна квота, сепак зависи од конкуренција.
https://forum.femina.mk/attachments/matura-png.204663/ според оваа слика ми испадна 20 проценти само од екстерните, од вкупно 30 проценти што би значело 90 проценти вкупно
Како што ти пресметав би требало да е точно, барем така рекоа некои членови поназад-дека точно пресметува тој калкулатор. * Редактирав бидејќи пресметав и на тоа што ми го пушти, мене исто поени ми доаѓаат и на тоа и на калкулаторот, не знам зошто тебе различен резултат ти доаѓа.. * Уште еднаш редактирам Пресметав и за тебе на тоа што го пушти, нешто имаш грешно пресметувано, немаш 20 поени од екстерни, 25 и нешто имаше и така пак си доаѓа 95.362 значи точно е, .
Пресметав на калкулаторот на ФЕИТ,но никако не ми излава.По секој нов обид ми дава различна бројка. Мак-4-89.95 Анг-4-63.85 Био-4-53.61 Инаку сите предмети ми се 5 и интерниот и проектната ми се 5.Колку би имала?
И од екстерно оцените треба да ги пишуваме така? Пријавувањето електронско до кога може, пишува ли некаде рок, барав ама не најдов? Јас уште не сум сигурна кај сакам да аплицирам, у дилеми сум, мислев да оставам после 15ти август, на раат после одмор да си седнам и да се пријавам ама ако не може после некој одреден рок да знам да убрзам
Јас кога се запишував пред три години, можеше електронски да се пополни и дента кога се аплицира, пред да се однесат документите. Не беше ограничено електронското пријавување.
Не се брзај, ако си до толку неодлучна можеш и на самиот ден на уписите да одлучиш, да пополниш и да однесеш
Мислам дека може и покасно, јас лани се пријавив една недела пред уписи. Сепак нека пише некој поупатен.
Сега само првиот дел со лични податоци може да се пополни така? Не дава да продолжиш натаму бидејќи не е завршена матурата. Гледам дека прашувате околу тоа па да се осигурам во тоа што го мислам.