Ќе може некој да ми каже се што треба документи за упис на факултет ама и ако може да ми кажете од каде се земаат. Фала мн.
Свидетелства од прва до четврта, диплома, пријава за запишување, извод, државјанство и 300 денари кои треба да се уплатат на жиро сметка. Свидетелствата и дипломата се даваат оригинали. Изводот се вади во матично ама можеш и преку интернет да го порачаш и после само да си го земеш, а уверението за државјанство го издава мвр, јас го вадев во мтв во Скопје, е сега ако си од друг град не знам. Пријавата ќе ја најдеш во некоја книжарница блиску до факултетот кај што се запишуваш.
Јас овие ќе ги носам со мене, ма да читав дека требало и изјава за број на членови во семејството ама нема да носам таква изјава... се некако е нејасно, ќе има - ќе нема таква квота...
Уплатницата мора ли да се плати на денот на запишување може ли порано,и каде има уплатници во книжарата на факултетот ли и уште нешто во пошта ли ти ја пополнуваат уплатницата или сам ?
Уплатницата можеш да си ја уплатиш и порано не мора на денот на уписите, а инаку може рачно да си ја пополниш и уплатиш во банка, според дадените информации кои ги има на пдф уплатницата што ја има на крајот на елктронската пријава
Ако освен основен избор на студиска програма не одбереш други како втора трета опција што значи останува празно тоа поле под бр 8 оти не сакаш во ниедна друга може да е проблем? Пр. да ти се рачуна како невалидна пријавата или ако не си примен во тоа што си аплицирал па те стават во некоја по нивен избор студиска група па не ти ги дават докуметите согласно изјавата за неподигање од 3 месеци па не можеш да се запише во втор уписен рок на друг фак?
Изјавата за неподигање документи е за откако ќе си запишан, дека најмалку 3мес не може никаде да се префрлиш на друг факултет, а не е сега за уписот. Инаку без твоја согласност не те ставаат во друга студиска група, тоа е само ако си ставил дека може на друг смер да те стават. Не е невалидна пријавата, сам си одбираш дали дозволуваш ако немаш поени за најпретендираниот смер, да те префрлат за друг.
Тоа значи дека ако дадам документи на упис, можам пак да си ги земам пред да се запишам, во случај да се премислам така?
Па пишува на изјавата се согласувам дека ако сум запишан... Е сега, не знам ја толку многу, да не те излажам нешто, во служба и деканат повеќе знаат.
Знае ли некој дали има многу интерес на факултет за дизајн на мебел и ентериер и со колку бодови се најчесто последните во државна квота ?
https://www.fakulteti.mk/documents/upisi/2018-2019/resenie-dizajn-2018.pdf Еве ти од лани конечна ранг листа.
Електронските уписи на уким до кога се? Мислам дека секаде се до 29 30 ама другарка ми вика сега дека се до утре...