Зависи на кој факултет сакаш да се запишиш...На некој можи и стар,а на некој МОРА нов... Распрашај си се предвреме во факултетот.
Ој министре, оди види си ги учениците. Матурата успешна била, да фанеш и да се траснеш од успех. Леле и овие ќе одат на факултет бе, леле бе. Иднината на Македонија, ој хо хо. Се изнасмеав. Господ нека ни помогне, друг никој не може. :geek: Што тема пишуваше - Паааа, пишував... пишував, да, албански јазик... пишував. Не можам да се сетам. Зошто не полагаше матура во јуни - Па бев на одмор. Дабл, трипл ФЕЈСПАЛМ!
Aбе што се чудеш?денеска се сакато и кораво се запишува на факултет,да почнам да кажувам какви неписмени има во мојата струка има да се фатиш за глава.Ама не се тие криви,криви се родителите што си го преценуваат своето дете и го пракаат на студии а тоа не знае името да си го напише.Матурата одкога започна пред 3 години или нешто повеке -помалку секогаш имале слаби резултати пример мајчин јазик помала оценка а изборниот поголема.Штета што не сакаат да си признаат министерството дека е се НУЛА.
Џабе е матурава, колку луѓе зафркна. Барем реално да беше полагањето, а не некој ќе ги најде тестовите, некој ќе препише, некој ова, некој она, и пак не се гледа вистинското знаење. Париве залудно што се трошат за матура, можат да ги искористат за да си го подобрат професорскиот кадар. 6 години учев француски, 3 збора знам, англиски па да не правам муабет, да не идев на курс неписмена ќе бев.. Професориве ич не се залагаат да научиме нешто, во овие 4 години поминати средно, не добив реално знаење. Дефинитивно треба од корен да се смени, макар и построги професори, ама мора да излеземе од средно писмени!!!
Сосема си во право.Мојата генерација се бунеше против матурата,а некои од 1 до 4 година имаа високи оценки а на матурата беа трупци а еве денес учи со мене а утре ке ја делиме истата диплома.Во средно факаат врски (дури и паметам на еден ученик татко му работеше во слаткара,секој петок им донасаа на професорите слатки и кафе а тој добиваше високи оценки а гласот не му се слушаше а додека јас учев и пак добивав мала оценка.И јас учев француски во средно ама не ја знам ни азбуката,а професорката доагаше колку да се каже и на крај си зема плата.Жално е ова што се случува по школите.Од толку професори во гимназијата само 1 имаше асален и сите го сакаа.Денеска не постои реалност,џабе ја бараме.На факултетот кај што јас учам ми предава професор кој не знае да ти одговори на просто прашање и одговорот го бара од крајот на книгата а јас се обидувам да објаснам на моите родители да се префрлам во Скопје заради таа причина.Јас давам пари за ништо.И сега,тие што и едвај зеле школска матура се мерат со мене.Утре како што напоменав ке ја има истата моја диплома а јас мора да факам врски за работа за да не ми ја зеде некој неписмен.Англиски на кој и факултет одам јас,за срека го знам перфектно,и не одев на курс но што е со останатото?Од таа матура се кораво и сакато се запиша,нека ја поништат,нека се гледа со оценките и ако немаш доволен број на поенио да одеш на приемен испит.Траги комедија И каква е матурата?прашања кое и 5 годишно дете ке се снајде со нив,со заокружување и барање на одговор од текстот.Па и баба ми ке го реши тоа,и дете од пет години ке се снајде. Треба ако има матура секоја година да го менуваат контекстот на прашањата. Есејот секој може да го нашкрта,јас трескав глупости,уште што не измислив да напишам.Кој нема да знае за интернетот ако го има текстот погоре во задачата?Па и уште што викаш го наогаат и препишуваат.Мајка ми велеше да учам и и викав дека нема шанси а кога и кажав за резултатите на мене и на оние "бубалициве"сосема друга приказна беше.
Сакам да ве прашам колку е точно дека треба прво електронски да се пријавиме за на факултет, а потоа вторник да доставиме документи? Значи да не испадни дека ширам дезинформации, прашувам дали е возможно тоа, бидејќи така прееска ми рече едно девојче, а прв пат слушам за тоа..?
Јас се пријавив електронски. И ми стигна меил дека сум на листата на пријавени кандидати бла бла. Документите кога ќе ги дадам само ќе ги провереле информациите и толку (тоа така сфатив). И после ќе сум била известена нешто за тоа дали сум примена или не и можам да се жалам по електронски пат.
не знам дали на страната на сите факултети го има ова. не сум разгледала. а на медицински кога ке ја отвориш страната одма покажува за регистрација
Таа електронска пријава ја има само на медицински факултет, на останатите колку што знам нема такво нешто.
На сите факултети треба да има..ја знам за на медицина на феит за на финки тие имаат сигурно..на сите мора да се пријавиш првин електронски пат па после и со документи ..
епа отворете си на страните на факултетите на кои сакате да аплицирате и ако има електронска пријава пополнете, ако нема значи за вашиот факултет НЕМА таква пријава, оваа за медицински факултет уште пред 10 дена е објавена.