И кај мене е исто, и кога ќе стегнам на заборавена лозинка не ми стига ништо на емаил, па претпоставувам прво факултетот треба да не внесе можеби. Како и да е засега не ни треба, тек кога ќе почнуваме со колоквиуми и испити, но сепак треба да се среди, бидејќи како што знам на повеќето веќе им отвара
. Од студентска ќе ви ги запишат предметите на iknow и семестарот бидејќи сега се запишувате , а испити се пријавуваат пред сесија на пример во декември, и секој студент сам си ги пријавува електронски зависно од тоа што ќе полага.
Има некој што студира на филозофски дефектологија да ми каже нешто повеќе за професорите,предметите и слично??
Да ве прашам за прва година ќе бидам сега, на iknow системот треба да пополнам предмети или ништо да не правам да не згрешам нешто???
Дечки каде се наоѓа диф? На гугл мапс ми отвара,кај кирил и методиј што се филозофски филолошки,а јас мислам оти не е таму
Гледам многу сте прашувале дали треба ние како бруцоши да запишеме прв семестар на iknow ама и мене не ми е јасно.Вие викате дека автоматски ќе не' запишат, а на другарка ми што се запиша на феит и' стигна меил дека мора да се запишат студентите сами електронски.
Или треба да ви дадат лозинки за пристап,па сами да си запишете сè,или одговорното лице за IKNOW треба да ви ги креира профилите,па да ви бидат дадени лозинки за пристап за да допишете податоци за предмети и да пријавите испити кога ќе ви биде кажано. Најубаво и ти и другите да си појдете на Студентски Прашања и да си прашате за ова.
Здраво. Сакам да ве прашам јас годинава ја извадов послаба матурава и не успејв да се запишам на тој факултет што сакам. Дали вгодина ќе ми важи матурава и дали можам вгодина повторно да преполагам матура.
Ти важи матурата, а доколку сакаш да преполагаш можеш, но право на тоа имаш само еднаш и мора да биде во јунски рок, и секако резултатите ќе ти ги земат од преполагањето без разлика дали се подобри или полоши.