па оди, ако имаше до сега на сите веб страни ќе имаше. И јас за мојот барав уште пред една недела и немаше ништо...
Немаат сите факултети таков систем. Медицина, ФИНКИ, ФЕИТ, а можеби и некои други имаат со цел да избегнат гужвина денот на уписите, ама пак не мора да се пријавиш еектронски. Јас си ги пополнив документите кога отидов да се запишувам.
Девојки... да прашам свидетелствата и дипломата треба ли да бидат заверени кај нотар ми рекоа дека не ги враќаат од факултетот поточно за филолошки факултет прашувам
Мислам дека не треба да се заверени зошто на факултетот ги даваш оригиналните, а заверени треба да ти бидат копиите ако си направиш за тебе да си имаш доколку ти затребаат.
Фалаа... копии извадив али тие ке ми требат за студентски значи тие ке треба да бидат заверени пред да се пријавам
Дипломата и сведителствата МОРА да се оригинал (тоа значи дека не треба да се заверени на нотар),бидејќи со тоа си водат рачун колку пријавени студенти има на факултетот...Ако примаја копии заверени на нотар се' ќе беше хаос ,и бројката на пријавени студенти во факултетот немаше да биди ни приближно точна. п.с на нотар се заверваат само копиите
Препорачуваат од факултетот да си направиш копии, исклучиво за твоја потреба, затоа што на филолошки ќе потпишеме една изјава дека нема да си ги бараме оригиналните документи минимум три месеца. Отвори на страната, пишува се што и како. Утре ќе одам на поход кај нотари и слично. Јас ќе ги заверувам сите свидетелства и дипломата, кога ќе ми ја дадат. Едит - не можам да се пријавам онлајн, малку како да паднал системов.
Да прашам Свидетелство за завршено средно образование и Документ за положена државна матура нели е исто...на нас ни ги дадоа само свидетелствата од прва до четврта и дипломата....а сега зошто ја пишува како две различни работи дипломата...А и уплатниците можам ли утре да ги уплатам...за во вторник само да ги предадам документите и толку.
Може утре да ги уплатиш и јас утре ке уплакам. А тие две работи колку што прочитав негде мислам дека се исто ама не сум сигурна
^^Би требало да е едно исто,бидејќи само тоа ни го дадоа од школото.И јас ќе идам утре ќе си уплатам да не се мавтам ваму таму по Скопје во вторник.
и сега за на филолошки има електронско пријавување или не..јас никаде не можам да најде...нека пише некој
ја само да ве предупредам дека електронска пријава мора да имате...прашавме денес на факултет и ни рекоа ако немаме пријава ке не враќаат...ја потполнив сега, потполнете и вие...и кажете им на другите
Каде ја најде таа пријава... ако не е тајна... на страната на факултетот каде што сакам да конкурирам нема никаква пријава, само пишува кои документи треба да ги предадеш, не пишува за никаква пријава, отворив сега на старата на медицински и таа пријавата е прва .. трепка постојано, очи ќе ти извади... тука нема ништо
Јас прв пат слушам дека требало и електронски да се пријавуваме.. На веб страната од универзитетот во Штип не го пишува тоа, а ни во конкурсот не пишува... Сега не знам како да правам...Ај некој што ќе оди во Штип нека каже дали се пријавил...
За во Штип нема електронско пријавување колку што сум јас информирана преска бев до главниот центар на Универзитетот и не спомнаа ништо во врска со електронското пријавување,а и цел ден слушам УГД радио-радиото на Универзитетот и не се спомнале за вакво нешто.. така да немајте гајле,утре документите и на уписи со среќа