Здраво да прашам доколку има некој што има преполагано матура. Јас лани полагав училишна а оваа година се пријавив за државна и сега од школото ми велат дека се плаќа 3000 денари, а имам другарка што е од друго средно образование во истиот град на нив им кажале дека е бесплатно. Може некој да ми каже дали е плаќал или сакат да не измамат во училиштето?
Dali e podobro da zemam angliski ili matematika kako eksteren predmet za polaganje matura I ako moze nekoj da mi kaze sto se uci angliski deka vidov se uci u 1 semestar na medicinski fakultet *matematicka A sum
Подобро ти е англиски да земеш, уште сме немале англиски, но како што кажуваат постарите колеги, не било тешко воопшто
Искрено ако планираш да се запишеш медицина, одбери го тоа што повеќе ти лежи и во тоа што си повеќе сигурна, со цел да имаш подобар перцентилен ранг и оцена. Зашто верувај треба за упис. Ако имаш познавање и двете не се тешки. Англиски се позезнати текстовите, а математика тоа што материјалот е најмногу од прва и втора година и има доста задачи геометрија со формули.
Ако ти оди математика, да си земеш математика и да не се мислиш ич. Англиски ко англиски, не е ни условен на медицински плус лесно е, некоја медицинска терминологија веројатно ќе учиме. Тоа англиски мене многу ме зезна, тестовите се глупост жива и кога ќе видиш резултатите и колку ти спуштило поени, а си бил 5.00, само нервози ќе те фаќаат. На многу матуранти им спушта поени англиски веќе неколку години уназад, сепак, матура ко матура, знаеш..кој како се снајде.
Не знам колку паметно ти е математика да полагаш, другар ради тоа си го намали просекот и мораше штип да се запише ама сепак најдобро си знаеш сама што поише ти оди... Англиски на медицина ништо посебно не се учи делови на тело на англиски, некои термини што мислам дека повеќето ги знаат од општа култура, ништо страшно
Како шо ти советуваа колегите, подобро англиски, сепак полесно се поминува. Во последно и англиски знаат да зезнат на матура(оправдано и неоправдано) но, далеку подобри оценки се добиваат од математика. Во мојата генерација се отепаа од вежбање и на крај извадоа 2ки-3ки, но сепак тоа е твој избор.
Ајде некој што веќе завршил со државната матура или некој што знае,да ми каже дали ако не се положи државна во јуни,дали во август може да се положи или директно другата година повторно?И во медицината,кои предмети се бираат во државна матура а кои се задолжителни??
Може август да полагаш, а за соодветни предмети секој факултет си има своја листа, може да провериш на нивната страна. Не мора да ги одбереш тие предмети што се на листата, но при рангирање тие носат повеќе поени.
На 14та и 15та страница имаш соодветни и несоодветни предмети за секој факултет при УКИМ за матура. http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_I_ciklus_2019-2020.pdf
Може август да се полага ако не положиш да. Јас бев стручно медицински смер, полагав македонски, англиски, биологија како екстерни и фармакогнозија интерен за на медицински. Ако си средно стручно треба предмет што ти е стручен за интерен, а ако си гимназија може хемија или биологија(ако не ти се избрани како екстерен). Можеш и физика мислам дека да полагаш. Тие се опциите. Евентуално или математика, француски/германски како замена за тие погоре .
@Dream-Girl тестовите за матура ги решававме во школо чисто онака како за подготовка и да видиме како изгледаат и мислам дека ни една задача не можев да решам од што ми беше претешко а иначе знам англиски добро,ама многу зезнато ми делува. И македонски дали мора да се прочитаат сите дела за да го решиш тестот? Ние ниедно дело немаме прочитано таква професорка ни се погоди и само површно ги работевме ќе се снајдеш ќе читнеш нешто и така функциониравме и оп 5ки а знаење никакво.. и македонски ме плаши се проаѓа со кратки содржини?
Сите дела ги имам читано и не бев задоволна од крајниот резултат. Англиски никогаш сум немала проблем и исто не сум ич задоволна како пројдов. Пази на писмото, во паника таму ја се потпишав со мое име и цело не ми го бодувале, 10 поени таму изгубив. За упис ме спаси тоа шо сите 5ки ги имав од прва до четврта... Тек биологија па да видиш, хаос, ништо од тоа што ни кажаа да учиме немаше освен 2-3прашања. Кај нас не се препишуваше. Односно можеше сам да препишеш, но немавме организирани професори, како што имало на други места и немавме никаква помош од професори, сами на себе бевме оставени...Катастрофа пројдовме цело школо генерално. Да не те плашам ама во Ск најлошо проаѓаме на матура. Баш вака со колеги шо не учеле у Ск кога праам муабет кажуваат колку полесно полагале, се препишале и им решиле професорите, се знаеле меѓу себе, 1-2 школи се и меѓу нив се врши размената, им било организирано, кај нас првпат у живот ги гледаш тестаторите и се некои чудаци се. Конкретно во твое школо исто не прошле лани сјајно, многу шо сакале да студираат тука, морале у Штип да одат, ради матурата... Се збореше ова на факс, па затоа и слушнав. Не се плаши, колку и да се спремаш, тестот е глупости у боја, никој ништо не знае (и да вика дека знаел, лаже верувај, океј може со некој исклучок...) сите препишуваат, кој појше среќа ќе има е работата на матура. Ич не е меродавен тестот, плус секоја година се полоши се тестовите, од претходните години биле прелесни... Не знам кој ги составува и од кај го копаат материјалот уопште. Едино македонски колку толку одговараше на тоа што сме учеле и решавале до сега, но прашањата беа не суштински туку некои најтапа детали, во кој весник објавил статија Расколњиков дека се кае за стореното дело имаше... Оди па нека ти текне такво нешто, не знам што гение да си, верувам дека такво нешто скоро никој не знаеше. И професори не знаат. Со среќа, циркузи е цела матура и полагање, снајди се колку можеш...