Македонски ти е задолжителен. Бираш втор странски јазик (англиски, француски, германски) или математика. Обично сите бираме англиски затоа. И после бираш уште еден екстерен, за медицина тој мора да ти е хемија или биологија (и физика мислам, но не сум сигурна зошто не ми бил никад тој предмет у план). И бираш уште еден интерен. Ако си гимназија биологија или хемија (зависи кој не си го одбрала како екстерен). Ако си стручно еден од листата на стручни предмети.
Мора да е биологија или хемија, физика за екстерен не е соодветен за медицина. За гимназија интерен може биологија, хемија, физика или англиски јазик, нормално ако не се избрани како екстерни.
Za na ekonomski faks e popametno da zemam interen sociologija ili informatika? Informatika sakam poradi e biznis
И двата предмети ти се компатибилни за на економски. Информатика нема нешто многу да ти помогне за е биз.
Феминки ми треба брз одговор. Дали е голема разликата во бодови за факултет ако полагаме несоодветен предмет, екстерен?
За несоодветен предмет поените се пола од тоа што би имала за соодветен. Пример за соодветен екстерен предмет максимум можеш да имаш 10 поени, а за несоодветен тогаш би имала 5. Ако ти е за некој факултет каде што конкуренцијата е јака и секој поен е многу важен, тогаш бирај соодветен. Исто тие поени можат да ти значат дали ќе си приватна/државна квота. Во секој случај подобро ти е соодветен.
Одбери си соодветен, не знаеш шо оцена ќе добиеш, може многу да ти скрати тоа од вкупните поени на крај..
Девојки јас екстерни матура одбрав англиски, втор математика, интерен географија и проектна географија. Планирам за се запишам на пмф географија. До сега секоја година сум одлична но не со сите 5ки. Дали би ме примиле? Во врска со матурата математика дали е многу тешко? Прва втора и нешто од трета лесно ми беше, ама сега некако ја запоставив, ке вежбам ама се плашам да не добијам слаба или упте полошо да паднам...
Уживај, на ПМФ и до 3 рок има места, а и имаше многу слаби примено. Прв рок годинава 200 и нешто едвај запишани беа... Па втор рок одбиени од факсови таму отидоа и колку толку се пополни.
Матура ти е благо речено 60% од вкупните поени. Има време, прво положите. Џабе ќе нагаѓаме тука кога кој знае колку перцентили ќе имаш. Учи си и немај гајле
За математика немај гајле, ако прва, втора и трета ти беше лесно, убаво ќе поминеш, материјалот е од тие години, најмногу од прва и втора (особено геометриски тела), од трета е аналитичката геометрија и веројатноста, а од четврта низи, аритметичка и геометриска прогресија, што не е тешко, како и веројатноста, знам дека во последните теми е и затоа мој совет обрни внимание на неа. 40% е матура, 60% успех.
Затоа реков благо. Оти пак голем процент е. Џабе сите петки ако извади слаби перцентили, а сака да аплицира на јак факултет.
Јак е факултетот ама штета е што малку луѓе се запишуваат и ги примаат сите што аплицираат. Од кај мене што полагаа математика оваа година, да ти кажам искрено не поминаа многу, многу лесно.Не сакам да те плашам, ама за математика знам дека гледале премногу ситници и детали , како и дека имаа многу задачи за кратко време. Добро е што барем викаш дека тоа од прва до трета ти било лесно. Ако од сега почнеш да се спремаш, ехее ќе се спремиш сто пати и сѐ супер ќе направиш. Вака целокупно не е кој знае колку тешка матурата колку што изгледа, ама сепак бара убаво спремање ако сакаш 5ки, зашто и за најмала ситница да ти одземат бод, губиш повеќе перцентили што се битни после за уписи.Кај нас имаше предмети каде луѓе со околу 40 разлика во перцентили имаа иста оценка(4) а за 5 беа само 10-15 перцентили.Ова ко пример ти го кажувам, дека малку е безвеза според мене оценувањето.
Јас сум матурантка годинава..Сакам да одам на педагошкиот факултет битола.. За матута одбрав Македонски Германски Биологија екстерен Географија интерен Биологија проектна Само страв мие за биологија екстетен.. Како е со екстерниот?Како се полага?Што се има?
Доста е тежок Биологија , особено ако не го сакаш и не ти иде предметот. Јас сум исто матурант од средно медицинско во Скопје и поприлично има многу материјал што треба да се совлада а и нема малку информации. Буквално има све клетка , органели на клетка(секој од нив детално да го знаеш функција , градба , кај се наоѓа итн..) , молекуларна Биологија ДНК РНК процеси на транскрипција , транслација , Биологија на човекот (регулација на системите) буквално цела Биологија на човекот (нервен , ендокрин , кардиоваксуларен , дигестија , локомоторен итн..) , Генетика (гени , геноми , мутации све за гените) и помалку засатапени теми екологија и еволуција. Многу материјал е а ако не се почне навреме со спремање не се постига