Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    5.383
    Пол:
    Женски
    Зависи од факултетот на кој сакаш да се запишеш, односно од конкуренцијата на истиот.
     
    На КлеопатраКлео му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GoodGirl89

    GoodGirl89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Хеј дечки :) Дали некој знае на матура биологија кои теми се потребни само? Слушнав дека не требаат сите.
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Тие што ги пишува на страната на државна матура, 5 теми се.
     
    На GoodGirl89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    1.630
    Пол:
    Женски
    Здравоо феминки. Ако може да ми каже некој што му е потазе матурава:lol: да ми каже конкретно за македонски како се спремал. Од каде учел, на што треба најмногу да се насочиме.:)
     
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    27.269
    Од книгата "за матуранти" и да си ги имаш сите дела од прва година па до крај прочитано.
     
    На Dream-Girl, ludamaja10 и Nane2356 им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Прирачникот за матуранти е сосема доволен.
    Ако ги имаш читано сите дела, нема некој проблем да ти е да се потсетиш.
    Мене македонски најлесно ми беше и највисоки перцентили тоа извадив. :D А најмалку го спремав. :)
     
    На Moon.Girl, ludamaja10 и Nane2356 им се допаѓа ова.
  7. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.381
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали може да ве замолам да ми кажете од каде имате превземено материјали за спремање за матурска? Кажете некоја страна од каде би можела да користам за материјалот. Имам јас хемија екстерен, англиски екстерен, македонски и биологија интерен. И потребно ми е за тоа колку што можете да ми испратите , да ми кажите се околу тоа.
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Ќе си ги земеш книгите од кои си учела и тоа е тоа.
    Само за македонски има прирачник кај што е се собрано, купи го или позајми го од некој.
     
  9. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.476
    Хемија ќе си ги земеш книгите од сите години, Англиски научи времиња, reading comprehension имаш вежби на интернет, word formation исто (не се сеќавам друго што вежбав), Биологија ти се пет теми, ко што спомна Дрим погоре и Македонски имаш прирачник.
     
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=O6dtQQpiV3o=
    Тука ги имаш тестовите од претходните години, можеш да си ги изрешаваш. За по македонски прирачникот не ти е воопшто потребен, има премногу небитни информации во него, повеќе сконцентрирај се на правописот бидејќи има доста прашања за тоа дали се пишуваат некои зборови споено или одвоено, со мала или голема буква итн. Во прирачникот имаш и кратки содржини на сите дела што се работени, ама искрено не ти се ни тие потребни затоа што на самиот тест ќе имаш извадоци од делата, па прашањата се однесуваат точно на тие извадоци. Англиски не гледам што би учела освен да ги решиш тестовите. Поработи на пишувањето мејл, кај нас за тоа имаше. А биологија ако е интерен, значи професорот ќе ги пишува тие прашања. Може и да ви даде една листа со прашања за да си ги одговорите и научите тие за полагање. Нас професорката ни даде околу 200 прашања и од тие учевме за интерен биологија. Прашањата ќе бидат од материјалот од сите четири години. За хемија не можам да ти помогнам бидејќи не сум полагала тоа, ама пак тестовите од претходните години ќе ти се најдат за да се ориентираш каков тип на прашања даваат.
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.785
    Пол:
    Женски
    За правописот ќе се сложам, ама дека за делата одговорите се во извадоците воопшто, ако одговараш спрема нив, поголем дел од одговорите ќе ти се грешни, тие се поставени само за грешно да те упатат во поголем дел од случаите.
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Не би рекла. Ако ги имаш читано делата и знаеш која е смислата, одма ќе сфатиш кој е точниот одговор.
     
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.785
    Пол:
    Женски
    Како што кажа ако ги имаш читано, ја знаеш и содржината на самото дело и за да одговориш ама воопшто не ти е потребен извадокот. Ама доколку немаш читано и не ја знаеш содржината, не можеш само со извадокот да ги решиш прашањата.
    Сепак треба да се знае и содржината и прирачникот е добар во тој поглед за да ја повториш.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Ако си имаш учено за време на тие четири години, не ти треба прирачник. И онака македонски матурата е многу лесна и сите супер поминуваат. На другите предмети повеќе треба да се посветува внимание бидејќи се потешки и сигурно нема да памнеш факти од хемија од прва година, а правописот ни е на сите во потсвеста, срамота е да не се знае.
     
    На ElenaOfRivendell и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.785
    Пол:
    Женски
    И редовно да си учел четири години, сепак треба да повториш, зашто има многу ситници, за кој било предмет. А прирачникот е добро средство, водилка за повторување, каде што е собран само материјалот потребен за матура и убаво би било и по другите предмети да го има.
    За тоа колку паметиш од секој предмет клучна улога игра твојата заинтересираност по предметот и самиот професор кој ти предава.
    Инаку матурата е далеку од лесна и со добра подготовка може да се згреши.
     
    На cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    27.269
    За македонски јазик, мене дела што ми оставиле впечаток како "Пиреј" или "Чичко Горио" ги памтам сите детаљи. Ама, пример "Пеколот" морав да прочитам кратка содржина.
    Јас лично сум љубител на литература и сум ги читала сите дела. Сеа, да, некои беа поинтересни и ми оставија впечаток, други-не.
    За двојка мислам само ќе е доволно граматика да се знае убаво и со тој текстот со прашања и плус есеј, без дела може лесно двојка. Ама, сеа зависе дали некој се задоволува со двојка или сака повеќе.
    За биологија треба доста спремање, не се уче преку ноќ. А, и не е само еден учебник.
    За англиски јас ич не учив, а супер оценка извадив пошто добро ми иде јазикот.
    Стручниот беше лесно, ама зависи од професорот што е ментор и колку има воља да ве упате.
    Проектната највеќе време зема, ако сакате да ви е се убаво. Ако не, може за два дена да нашлапате нешто и крај.
    А, и имало пари се плаќало таму некој 500 денара некој да ти направе што мене ми е нон сенс.
    Барем проекти се прават од основно. Срамота е да не се знае. Сеа овоа е проект, ама со повисок стил.
    Ама, те имало и некои што се ептен мрзи и неќат еден проект да направат.
     
    На cresa-jagoda, ludamaja10, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    90% се согласувам со се шо пишала @GirlRose.

    Македонски навистина беше најлесно од се. Но, имаше и прашања од тип "каде Раскољников објавил статија дека се кае за направеното дело" или нешо вака ама мислам дека ова беше тоа прашање шо ми остави впечаток као what is this... Еве јас ги имав читано сите дела од прва до четврта и плус прирачникот ми беше поминат неколку пати. И еве признавам дека не ми текнуваше ова прашање. Дури потоа и професори македонски коа не прашаа како сме поминале рекоа дека не го знаат тоа.
    Во мое школо не ни помагаа за матура, што знаеш ќе си напишеш, вака се препишуваше еден од друг само ако ти се погоди тестатор.
    Земете си го прирачникот, не е лошо да се потсетите. Баш е убаво напишано се во него.

    Биологија го спремав од јануари до јуни. Најтешко ми беше од сите. Плус дека 2г го немав учено, школото ни наметна некои други изборни иако првично имав одбрано биологија. На кој професор фалеле часови, тоа ќе сме слушале. Иако делуваше наивно во 3та таа промена, на матура ми беше пропуст тоа што 2г немав слушано биологија. Сепак пројдов солидно ко за некој шо немаше учено 2г биологија. Иако беше тежок тестот ама задоволна сум во врска со биологија. Тоа шо најмалку знаеш, најдобро проаѓаш. :rofl:
    Посветете внимание многу на овој предмет, спремајте се колку можете повеќе. Тестот беше сложен. Мислам дека гимназија подобро ќе пројдете, бидејќи вашите книги беа многу поубави од нашите у стручно медицинско. Учев од гимназиската за 4та јас иако бев средно стручно.

    Англиски ми изгледаше просто и изгледа доста го потценив, мислев дека супер знам англиски и нема потреба да се спремам за него. Тестот ме премори од решавање, кога излегов од полагање очите ме болеа. Дури во тоа брзање да постигнам со се, на писмото/меилот (шо беше заборавив веќе) напишав мое име наместо таму некое шо требаше, па цело не ми беше бодувано и тоа ми спушти многу од оцената. Пазете на такви минорни грешки, да не биде џабе да се мачите да пишувате и на крај само поради нешто такво да изгубите дури цела оценка.
    Решавајте тестови, вежбајте пишување есеј и внимавајте додека решавате таму многу. У таа паника и напнатост се случува на глупост да се утне. Од искуство. Не го потценувајте предметов.


    Проектната ми беше најинтересен дел од се. Имав земено проектна по предметот фармакогнозија. Тема примена на канабиноидите во медицината. Имаше премногу информации, ми беше мене лично доста интересна темава, посебно ме интересира алтернативна медицина како влијае врз човекот, па и марихуаната која последно време е доста актуелна и доколку некој во иднина сака некоја идеја за проектна еве му предлог од мене. Супер пројдов, ме пофалија дека сум избрала ептен интересна тема што никој досега во наше школо не ја избрал. :D Многу земаа биологија за синдром некој, што мене веќе ми беше мех. Сакав нешто интересно и уникатно.

    Интерен најлесниот дел. Морав да земам стручен предмет и избрав фармакогнозија, некако цело средно максимално го учев ова, па викам ај и за финиш нека биде тоа. Одлично пројдовме сите тоа, прашањата ни беа пратени од професорката, за 2 дена го спремав ова.

    За интерен и проектна не се плашете ич ама земете нешто што ве интересира за да ви е вас интересно дур го спремате тоа. :)

    Со среќа на сите матуранти. Да извадите супер оценки и перцентили и да не ве фати трема ко мене на англиски. :D

    Ако некој нешто го интересира за матурата или му треба помош може слободно да ми пише.
    И за идните колеги медицинари сум тука, посебно ако ве интересира баш за овие медицински предмети еве. Ако некој се спрема за општа медицина. (highfive)
     
    На cresa-jagoda, GoodGirl89, Moon.Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. КлеопатраКлео

    КлеопатраКлео Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Здраво!
    Јас планирам да се запишам медицина..Избрав македонски англиски математика интерен хемија и проектна биологија. Е сега, пред 2 месеци се си мислев да одам архитектура и поради тоа избрав математика..Се плашам да не не ме примат пошто морало биологија да имаш. Иначе поминувам со сите 5 сите години и мат Б сум значи учам биологија и хемија сите 4 години :))
     
    На ludamaja10 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    5.383
    Пол:
    Женски
    Не значи дека нема да те примат, не мора да имаш биологија, ама автоматски ќе ти намали поени за разлика од некој кој имал соодветен предмет (што воопшто не значи дека нема да те примат,зависи од конкуренција).
     
    На ludamaja10 и КлеопатраКлео им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Нема да е страшно ако имаш извадено високи оцени и перцентили. Не мора биологија.
    Мислам дека дури и може математика ама не сум сигурна, не е лошо да провериш на нет кои се соодветни за да видиш дали ќе ти спушти некој поен. :)
     
    На BlackMistery, ludamaja10 и КлеопатраКлео им се допаѓа ова.