Јас немам појма кај ќе одам на факс, па си ги избрав предметите што мислам дека ќе ми послужат најмногу во конкурентни факултети, а и лесни некои што сум ги учела сите 4 години, бидејќи ништо нема да ме натера да полагам нешто на што стварно не се сеќавам, ко хемија. Македонски книгата за матура мислам на памет ја знам веќе, од натпреварите. Делата ми се прочитани сите, на час веќе почнавме со решавање тестови, ми стојат океј. Имав професор што за есеи душата ни ја вадеше, па затоа не очекувам утка тука. Англиски решавав матурски тестови за натпреварот во втора, прашањата за reading comprehension ми беа многу никакви, двосмислени. За останатиот дел од тестот не очекувам многу проблеми. Математика слушав хорор приказни, не стигнувало време, комплицирани задачи итн. Најмногу време ќе посветам тука. Плус ќе треба повторување на материјалот во трета. Фала богу за предметот аналитичка геометрија. За алгебра и геометрија сметам дека нема да имам проблем, тригнометрија и веројатност ќе треба повеќе да повторам. Информатика избрав интерен. Имајќи ги предвид задачите од програмски во трета и четврта, овој материјал сметам дека е сосема лесен. Мило ми е што избрав изборен информатика во втора, инаку ќе морав да полагам нешто ко социологија, а не можам да замислам да се ставам низ таа тортура. Проектна физика избрав, со тема: Релативистичка теорија на црни дупки. Отпрвин сакав општо за црни дупки, ама под притисок на професорот морав да ја сменам. Морам да кажам дека темава е некако многу шејки, можат да се постават милион прашања на кои никој не го знае одговорот. Како и да е, проектната ми е готова уште пред 2-3 недели, спремна сум за презентирање. Демек ќе презентиравме порано нешто, ама испадна почеток на март. Главно како што кажа некој погоре, најбитно е да се избере нешто за што имате интерес и нешто специфично, а не некоја личност на пример, или некоја ептен mediocre лекција, ко Талесова теорема. Ќе апдејтирам по полагањето веројатно, не сум многу растресена за ова, не знам зошто, може ќе имам backfiring, . Ќе видиме.
@Lella има време математика не плаши се, извежбај брзина овие неколку месеци. Мене мислам 1h ми остана по решавање, па имав време и за проверка. Тригонометрија немаш, а за веројатност ќе учите повторно во четврта кон крајот. Провери кои теми ти се опфатени во предметни програми на matura.gov.mk, зашто математика доста работи нема од тие што учиме.
Ме плаши многу поени да не се кратат..соодветни се само биологија и хемија Ајде ќе бидам позитивна па ќе видиме
Половина поени од предметот ќе ти пресметаат бидејќи е несоодветен, пример ако максимум се 10, тие ќе ти земат 5. Гледај добри оценки со убави перцентили извади.
Ако се отпишеш од еден факултет и после следната година сакаш да се запишеш на друг, дали треба од почеток да де пријавиш на iknow системот?
Не мора од книжара оригинал, побрај во копирница во градот каде најчесто одат ученици од кај вас, сигурно ќе најдеш. Прашај генерации пред тебе, ќе ти кажат.
Книжарата што е кај југодрво го има и најевтина ти е таму копијата. Ич не ти треба оригинал, после матура нема ни да го отвориш веќе...
Decki znaete nesto godinava okolu maturata dali ostanuvaat isti datumite? Drugarka mi kaza deka vo ministerstvo se zborelo da se premesti za juli
Ништо не се знае. Јас некни ја прашав директорката рече дека нема одлука од МОН . Ќе видиме, хаос ќе биди.. Проектна, матура, уписи за факс..
Здраво,вака јас имам голема желба да учам општа медицина,сега моментално сум 3та година средно медицина,меѓутоа во прва година завршив со 4 четворки, а во втора успехот ми беше многу добар,се трудам колку што можам годинава да ја завршам одлична со сите петки исто така и за следната,меѓутоа страв ми е дали би ме примиле со ваков успех..Ве молам кажете ми вие што се имате веќе запишано со колку поени биле примени студенти во последните години за општа медицина? Ви благодарам однапред
Јас имав 99,450, ама бидејќи имав 4ка екстерно, ми намали на 99,232. Последниот во приватна квота мислам дека имаше 90,0- и нешто, не сум сигурна.. Ама ептен зависи од конкуренција, и што ќе направиш на матура. Соученици мои со 5,00 просек, поради матурите 4ки, паднаа на 93 поени.. многу зависи од оцените на матура. За УКИМ ова, а на УГД од мој клас примија и ученици со 2-ки и 3-ки, со 77 поени примија едно девојче конкретно.
Последниот во приватна беше со 90,9 или 90,8. @Sweetgirl200 Не сакам да ви ги срушам сништата, ама и екстерно веќе нема, кое како што кажа и членката знаеше да намали на поени, што значи ќе нема дополнително намален успех. Многу фактори влијаат, конкуренција, успех во средно, успех на матура, особено битни се тука перцентилите, не е исто 4ка со 40% и 4ка со 86%. Засега мој совет ти е да гледаш годинава и в година да поминеш со скорз одличен успех и одлично да се спремиш за матура за да извадиш убави перцентили. За УКиМ ти требаат минимум 91 очигледно, а за УГД ќе си примена секако, таму со послаб успех примаат.
Пак ќе речам, ете на страна матурата ќе ја тргнам, мнооогу зависи и конкуренцијата, а голема е, сепак, се запишуваат одлични ученици, од кои многу се со 5.00 успех. Инаку мислам дека годинава примија 333 студенти, 130 во државна,170 приватна квота, и уште 33 што беа на пример по основ националност, родител во армија и сл.
Не се секирај. Јас бев 5.00, па матурата ми спушти премногу поени. Кај тебе може да е обратно, матурата па да ти донесе повеќе поени. 40 поени се од матура што не е воопшто малку. Ќе си пресметаш кога ќе помине матурата и 4та година, ќе видиш таа година колку примаат итн. Ако имаш желба ич да не се откажуваш од соништата. Од мое искуство ти кажувам. Сите ми викаа не аплицирај, ќе останеш незапишана, сепак пробав и успеав. Не знам колку ти е битно УКИМ или УГД, ја сакав на УКИМ дека реално тука живеам и повеќе ми одговараше. Ако имаш желба, кај и да студираш, не ја пропуштај. На УГД барем би била примена у секоја варијанта, сите беа примени. Ама почекај, нека помине се, па ќе видиш што како. Тука сум ти на располагање, слободно може и во ЛП да ми пишеш. Само ако имаш желба не се откажувај.