Не се секирајте, 10 дена се полагањата, а факултетите почнуваат тек од 1 октомври. И да поместат датуми, па ќе заврши и тоа за брзо. Спремајте си се вие, не ви мења дали е јуни или јули.
Тогаш јас воопшто да не се надевам прва мн добра,втора одлична ама не скроз,трета одлична со една четворка,четврта ми се сите петки а матура тек не знам што ќе извадам.. нема шанса ни приватна?Тешко беше мн прва год
Зависи од матурата. Ништо не е конечно дур тие оцени ги немате. За жал кај многу што бевме одлични ни направи проблем при упис, а кај некои со послаб успех многу им зголеми просек зошто слични оцени добивме, препишаа од нас се. Ама дел од нив не ни планираа да одат на факултети со толкава конкуренција, сеедно им беше. Нека помине матурата, ќе пресметаш поени и тебе ќе ти објаснам што како.
Додека не помине матурата, не може да се знае со сигурност, ама реално е дека поголема предност има некој што бил цело време одличен, освен ако направи мн. слаба матура, а ти да направиш доста добра и да имаш повеќе поени. Ептен влијае матурата, еден перцентил помалку-повеќе може да значи многу.
Точно, ништо не можеме да знаеме со сигурност. Земете во предвид дека во оние категории националност и друго се примаат и со неколку бода помалку. Пример ако сте во тие категории. Доколку сте со послаб успех од средно, треба да се надевате тие што се со повисок да кикснат на матура, а вие да растурите на матура, за да се изедначите горе долу и да стекнете предност. Затоа седнете овие години преостанати да поминете со одличен успех и учите за матура да растурите. Доколку сакате да ви персметам проценти од успех, слободно пишете ми.
Што бидна со тие матуранти лани што не успеаа да се упишат ке полагаат ли оваа година државна матура?
Јас прочитав на фејзбук има петиција за укинување на државната матура. Ја имаа потпишано окулу 4000 Матуранти до сега. Не знам што ќе биде.
Ако можеме ние и колоквиуми и испити да полагаме, можат и матурантите да полагат матура. Не гледам шо е проблемот.
Ние нема да полагаме колоквиуми и испити на факултет. Ќе чекаме да се стабилизира ситуацијата. Сите професори едногласно одбиле да се полага онлајн колоквиум и тоа е прифатено барем кај нас на факултет. И башка матурата вас ве чуваат кога полагате. Нас кој ќе не чува ако полагаме онлајн колоквиум?
Нас веќе ни закажаа колоквиуми, а како ќе се одвиваат не знам. А за матурата е срамота да се праи толкава галама оти не е тешка, а и материјали и тестови од претходните години имаат на нет.
Епа кај нас да, со скратено време, да немаш време да препишеш, имавме проба и дефинитивно НЕМА ШАНСИ да се препише, едноставно имаш време да прочиташ прашање, 20сек да го мислиш и толку. Ако си учел, знаеш.
Да ама тоа е негде каде што се учи теорија. Кај нас на задачи се полага и на теорија за 20 секунди немаш ни време прашањето да го прочиташ.
Финки. Имаме и теорија и задачи. Т.е. У теоријста поголемиот дел од задачи е.. А за практичен дел, ќе видиме како ќе е