Не е проблем за он лајн ама на економски факултет професорите беа едногласни дека не прифаќаат такво полагање , па затоа ме интересира на кој факултет е прифатено
Не на сите факултети. Кај нас на факултет нема онлајн колоквиум. А и да има ќе има после Велигден неделата.
Министрерот кажа дека студентите ќе си полагаат онлајн и дека оваа не распуст да се опуштаат. Така да седнете сега загрејте го столчето секако сте дома и така се досадувате за да не бидете изненадени после.
На некои факултети веќе имаат и закажани полагања и инструкции во однос на нив, не на сите нормално, каде што има услови и е технички исправно само. Знаеме дека не сме на распуст и си учиме.
Дали некој е известен и знае дали ќе се полага матура бидејќи не сум гледала вести оддамна и никој од школо не нема известено па ако некој нешто знае дали ќе може да ми одговори Благодарам однапред
Уште ништо не се знае точно, министерот наведе две опции, одложување за во јули без материјал од 4та година или целосно укинување. Кај мене паузираа со проектни зошто чекаат инструкции од МОН.
Укината е државната матура и завршниот испит за оваа учебна година. Учениците до крај на учебната година нема да се вратат во училишни клупи. Кажаа сега на Сител.
ж Минатата година керката на наша пријателка не положи државна матура и не можеше да аплицира на Правен Факулет,во ноември,декември се пријави за да полага државна матура оваа година како би можела да полага државна матура и сега што ке се случува со оние кои ја паднале или не полагале државна матура во изминатите години а сакаат да се запишат на факултет?
Нејзе ја интересира дали бидејки се пријавила да полага матура ,ке и ги пресметаат бодовите од сите 4 години средно и ке ги препишат тие 3 предметни оценки како да полагала матура како што ке им прават на сегашните матуранти т.е дали ке добие диплома исто како нив или само од оваа година ке добијат диплома за завршена матура,бидејки на тв слушнала дека тие ке добијат диплома за завршена матура ке им ги пренесат оценките пресметани не знам како за предметите што ги пријавиле.
Ако не ја положила лани мислам исто како да не се бројат тие поени. Ама, ако ги положила сите не знам. Ваљда нема врска. Ќе има приемен за сите. Ми нема логика едни да полагаат приемен, други не.
Колку што разбрав, кандидатите кои завршиле претходните години ќе полагаат во јуни. Не е тоа голема група, изводливо е да се организира само за нив и притоа да се следат препораките за ковид.
Доколку е поради ковид,и е донесено одлука да полагаат тие од порано,дефинитивно треба да полагаат и сите кои завршуваат оваа година и онака уписите се во август.Поради што се привилегирани сегашните матуранти да не полаагаат државна матура,а тие кои паднале на пример или не полагале минатите години да мора да полагаат?Уписите се во август па можат сите да полагаат на почеток на август,ковид не е образложение..има начин во помали групи и различни датуми да се изведе матурата инаку вака испага дискриминирачки едни да полагаат а другите сега не.Ако е причината ковид тогаш не треба да полага никој оваа година.