Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.370
    Допаѓања:
    142.550
    Мислам дека е тешко да се организира за сите, затоа што ќе бидат многу. Вака со помала група ќе може да се почитува растојание од 2m.

    Пак ќе кажам, слушнав дека е вака, не тврдам со сигурност. Ама ако има некој кој чека да полага, подобро нека си учи, заради тоа и пишав.
     
  2. Gregoriana

    Gregoriana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски

    Како и да е,треба да излезат и да му кажат јавно на телевизија на вести,братучедтка ми случајно виде видео на сител каде што министерот рекол дека тие од лани и претходните години нема да полагаат за по 2 недели испадна дека ке полагаат,нема никакво известување на Министерство за образование,ни кој месец ке полагаат ни каде апсолутно ништо а веке сме скоро крај на мај.Таа сака да студира фармација ,а бидејки овие од оваа година нема да полагаат државна ,знаци таму можда ке има приемен,и кога таа би се спремала на пример за приемен кога за државната матура,ке има ли приемни или ке нема,навистина општествово ни е катастрофа.Прочитав во Хрватска убаво му напишаа дека сите ке си полагаат државна во септември и тоа е тоа.Сега одма тука донесоа одлука експресно да не полагаат нашиве матура а лани што имаше неколку ученици ако се секавате во Штип (не ги ни информираа дека нема да може без државна од лани) ,само неколку колку беа не ги примаа без матура лани.Јас мислам дека најдобро ке беше да речеа за оваа година кој сака да студира нема воопшто државна полагање за сите и дека ке има како порано приемни испити ,а не за едни едно а за други друго,дури сега како ке се испозапишат со врски на медицински итн тоа е чудо.
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  3. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    5.917
    А за тие што имаме положено државна матура а сакаме оваа година да се запишеме на фах ќе полагаме ли приемен?
    Исто така за оваа генерација кога тогаш мора да полага матура, не може да остане без тоа...
     
    На Gregoriana, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.370
    Допаѓања:
    142.550
    Многу потфрли Министерство за образование периодов. Многу малку информации споделуваат и тоа најчесто доаѓаат предоцна, а толку многу ученици се засегнати во основно и средно. Не мислам само за матурата, туку на целиот образовен процес.
     
    На ludamaja10, Snow-Star, Gregoriana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    5.383
    Пол:
    Женски
    Глупости, ако нема матура за овогодинешните матуранти, не треба да важи ни за ланските матуранти. Ете некој лани паднал/ не полагал од икс причини. Зошто да мора оваа година тој да полага, кога матурата се откажа, и другите нема да полагаат? Не е фер така воопшто, за приемен океј, сите нека полагаат, ама нема логика тие од лани да полагаат матура, а матурантите од оваа година не.
     
    На Принцезичка1, Glowy и raww им се допаѓа ова.
  6. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    5.917
    И за приемен нема логика да полага тој што има положено матура. Зошто ние два пати да полагаме? Министерствпто треба да најде решение со тоа што ќе ги согледа сите проблеми.... Некако не ми стои дека го прават тоа
     
    На Принцезичка1, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.785
    Пол:
    Женски
    Тоа е МОН за жал, ништо не е промислено, важно матурантиве годинава ги направија среќни со откажаната матура.

    Многу прашања не се одговорени, што со тие што положиле, а минатата година од х причини не се запишале, и тие сега приемен да полагаат, колатерална штета? Што со тие што минатата година полагале училишна матура и не се примија на факултет и тие сега приемен или матура? Што со тие што не полагале, не положиле или планирале да преполагаат, за нив матура или приемен?
    Што со тие што не планираат да се запишат годинава, или немаат можност да се запишат, за в година ако се решат ќе треба матура да полагаат?

    Ништо не е промислено, само избрзана одлука. Допрва проблемите ќе излезат на површина. Само жално е што секогаш учениците/студентите страдаат.
     
    На Принцезичка1, Gregoriana, raww и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    5.383
    Пол:
    Женски
    Најоштетени ќе бидат тие кои лани полагале матура, и не се запишале на факултет. Не е фер ич..
     
    На Принцезичка1, Gregoriana и Glowy им се допаѓа ова.
  9. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Луѓе целта што ја укинаа е повеќе политичка да се разбереме. Сетете се дека кога дојдоа на власт во 2017 прво нешто што направија го укинаа екстерното за да добијат на рејтинг иако тоа екстерно знаеме дека беше чиста глупост, така да убаво направија. Е сега избори се ближат од опозиција застанаа со став за укинување и овие се најдоа у тесно, па ајде да укинеме и шта буде нека буде. Океј е што ја укинаа од една страна отсекогаш сум да се полага приемен, но од друга страна многу ученици кои не се запишале на факултет оваа година, не полагале лани матура или пак се откажале оваа година од факултет се на цедило. Никој нив за ништо не ги информира. Жално е..
     
    На Принцезичка1, Gregoriana, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    5.383
    Пол:
    Женски
    Многу точно за жал,истото го пишав баш во друга тема. Матурантите се гласачко тело, и сигурно барем половина од нив ќе ги гласаат тие што барале укинување (или што укинале). Да се засекираа толку за образованието, одамна немаше да има вакви глупости. Штета што ланските матуранти ќе бидат оштетени ни криви ни должни.
     
    На Принцезичка1, Gregoriana, Alex29 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Како и да е на сите матуранти нека им е со среќа. Особено на медицинарите и финкашите бидејќи таму има најголема навала. Така да спремајте се за некој си "приемен". И тоа нашиве министри, универзитети и факултети како ќе успеат да го организраат да биде во најдобар ред ќе биде знак прашалник.
     
    На ludamaja10, ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  12. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Како и оваа година матурантите не полагаат матура така нека биде и секоја наредна. Зошто една година да не полагаат а пак наредната год да полагаат? За едни лесно за други тешко? Сето хаос е :@
     
    На Принцезичка1, ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  13. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Ее да и јас тоа викам. Секако матурата е препишување у велико прва работа. Втора работа полагаш милион глупости непотребни и потребни. За сметка на тоа ако се полага приемен се фокусираш на два клучни предмети за факултетот и чао пријатно. Ти го прегледуваат универзитетски професори по клуч и добиваш поени, а не накурчени професорки од средно (секако со исклучоци) кои на матура ќе ти скратат поени од типот си напишал цитирана реченица у есеј по англиски или си се забораил да напишеш туѓо име у е-маил. Да не зборам за точките и запирките по математика за кои другарка која немаше тест под 95 бода имаше 4 со 35.27 перцентили, да ама не и биле добро напишани заградите. А задача која они ја имаа утнато, наместо на сите да им дадат поени или барем на оние кои згрешиле, господата на сите им ставија по 0 бода. И наместо да биде она стипендирана на ФЕИТ у првите десет знаејќи го нејзиното знаење математика, она влезе претпоследна у државна. Така да имате среќа што се спасивте од ова "чудо". И да другите генерации е многу попаметно веќе по овој пример да полагаат приемен. Барем за некое ниво ќе биде пореално.
     
    На ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  14. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Оштетени се и ланската генерација. Во мај месец му кажуваат со училишна матура не можи на факс. А годинава можи и без матура :?: 90% му е земен материјалот
     
    На ElenaOfRivendell и Alex29 им се допаѓа ова.
  15. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Тоа што го викаш ти е чист УТИЛИТАРИЗАМ, корист на "мнозинството"- матурантите у случајов, а штета за "малцинството" сите останати од лански генерации, отпишани студенти оваа година кои се предомислиле и многу други ама тоа е...
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Јас и на страна на матурантите сум нека не полагаат ајде нека немаат дополнителни нервози. Ама не е фер :!:
     
    На Alex29 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Да де истово го мислам и ја, и за секоја наредна генерација да е вака. Затоа и пишав утилитаризам, оштетениве у случајов се лански, полански матуранти,паднати и кои уште не..
     
  18. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Според мене и нареднава генерација ќе биде оштетена. Ќе речат пу пу не важи тоа од лани и ај пријатно. Нема правда во оваа држава. Јас ти Петко Трајко ...не можиме ништо да смениме треба да се застани убаво и да се добие тоа што се бара:!:
     
  19. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.785
    Пол:
    Женски
    На темава дискутиравме во темата Коронавирус матуранти 2020 (мислам така беше насловот).
    Приемниот е пореална опција, а матурава е лоша реализација со преписот.
    Редно е да се пронајде или подобар начин на спроведување на матурата или да се вратат приемните.
     
    На Alex29 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    5.383
    Пол:
    Женски
    Матура се полага, бидејќи се полага секаде низ светов скоро, односно е по принцип на Болоња, тоа што нашиве не знаат да ја спроведат како што треба е друго. Јас сум секогаш за приемен, ама причината зошто не ја укинуваат потполно матурата е таа.
     
    На Alex29 и Glowy им се допаѓа ова.