Кога нема некој план а е крај на учебната година јас да сум оваа година би ги примила сите апликанти на сите факултети без матура без приемен -бидејки нели опасно било поради корона да се спроведува државна па потоа во прва година ке се види кој за каде е ,ке продолжат ,сами ке се откажат итн.
Мислам дека така ќе настане хаос на факултетите каде и онака има многу конкуренција. Ама веќе редно е да известат што како ќе биде, дури и доцнат, ако има приемни треба да се спремаат учениците..
Јас сум за матура да се полага а не приемен, матурата ти треба за запишување на факултет во други држави
Малку е хаос во образованиево, уште ова ни фали. Ќе си има приемни и крај, мора да има селекција. Тоа што ќе настрадаат матурантиве и што ќе добијат инфо 5 за 12 е друга тема на муабет. Како што имаа петиција за откажување на матура, сега нека се бунат за плус информации. Каде, кога, како ќе се спроведуваат, на кој материјал, нека бараат одговори на овие прашања.
Не сакаат да се бунат приметив,бидејки чекаат касно да ги информираат за потоа да се побунат не ни кажавте на време ,не полагаме ништо ...па од вмро да скокнат -ке речат ние сме за неполагање а потоа сдсм поради изборите ке прифатат веројатно ...не сум видовита но на така ми мириса ..
За се се чека последен момент, и после ќе се нема време, ќе се нема материјали.. Од сега ако не ди побараат, навистина ќе биде доцна, не се спрема приемен за два-три дена сигурно..
Здраво јас сум матурант 4 година. Сакам да прашам дали ако сум дете на самохран родител по потекло Русин (но немам државјанство руско) имам предност при упис на факултет. Сакам да запишам медицина но неколку оценки од 1 година ќе ме зафркнат добро. Од секогаш сон ми било медицина но многу се плашам бидејќи предмети како математика,историја,англиски не ми беа сите години 5ки и ќе имам помалце поени. Огромни амбици имам за медицина и не можам да се замислам да учам нешто надвор од сферата на медицината.
Со оглед на тоа што ќе има приемен, не верувам дека тоа до толку ќе биде проблем, ама секако, ако се стегнеш и добро се подготвиш за приемниот.
Да имаше државјанство одма ќе те примеа ко странски државјанин и 1500 евра од година ќе плаќаше, ни поени, ни нишо немаше да ти гледаат, тон студенти така примаат што ни македонски најопшто не знаат да зборуваат, ништо не ги интересира, само да им земат пари, па кој се снајде, се снајде. Знам затоа шо имам колеги со турско државјанство и слично у група. Вака ќе мораш со приемен ако има, а сигурно ќе има на медицина... Спремај се за приемниот.
Да но мислам дека нема да има приемен туку квалификационен испит. Фактички тие што се 5.00 ќе го полагаат да се рангираат а ние со послаби поени автоматски отпаѓаме. Мислам фер е да има приемен и без разлика на успех да се спроведе приемен по хемија и биологија (строг режим , без препишување) со цел да се види кој стварно е со капацитет за факултетот. Но ќе видиме , во најлош случај ќе одам на тригодишните (не дека се лоши но сон ми е на медицина).
Штип не ми е опција бидејќи сум дете на самохран родител. Ако би престојувал во Штип треба да седам во стан (интернат нема теоретски шанси) а станот е 100 евра плус школарина и книги а и храна , тешко... Тука во Скопје пак подруго е... но што е тоа е. Се надевам ќе имам шанса за влез , ако не ќе запишам 3 годишни студии сепак ви благодарам на советите.
Па добро и 3 годишните студии се супер опција, сестра, физио, лаборант, многу барани професии сега и во иднина.
Јас размислувам да се запишам на Филозофски, смер социјална работа и политика. Ве молам кажете кои предмети ги има, какви се професорите, дали е со колоквиуми.. Искуства од секој тип се добредојдени. Бидејќи сум во работен однос, а ми кажаа дека обично предавањата се од сабајле и нема секој ден сакав да се запишам како редовна студентка, дали би било паметно? Земајќи во предвид дека сум од друг град и планирам да патувам. И ме интересира каде СЕ би можела да се вработам. И дали некоја знае кога се уписите? Благодарам однапред ❤️
и без квалификационен испит имаше деца примени и под 5.00 што значи дека имаш сепак шанса ако не ти се бодовите под 90 а и можеш да имаш привилегии поради националноста ако си пишан како рус не се откажувај така лесно,може и деца со 5.00 да не го поминат квалификациониот а други со помали поени да поминат
Не се откажувај, пробај си ја среќата секако тие приемни нема да бидат баок. Башка хемија јас колку знам кога полагав не го форсираа многу како предмет и прашањата беа она најбанални. Сега дали дека ние од средно хемија бевме доста потковани па ни се чинеа лесни сепак со 2 дена учење можеше да се положи. Сепак рачунај ова за испит зборам, приемен далеку полесно би било од ова. И биологија би ви барале најопшти работи според мене поврзани со она што се учи во трета година Анатомско-физиолошки аспекти на органските системи кај човекот. Бидејќи тоа е основата на Анатомијата и Физиологијата. Плус си спомнал и националност, сега мислам јас кога се запишував, тоа беше 2013 имаше можност таквите студенти, еве знам Бошњаци имаше со мене, ги запишуваа надвор од квотата така да прашај си не знам колку ова уште важи и кои документи ти требаат за да те запишат под националност надвор од квота. Со среќаааа!!! п.с ова ти зборувам за Скопје, ја видов и претходнава објава ама на оваа ти враќам така се погоди