@Kimberly11 Ако добро се сеќавам не треба ти да пишеш просек, туку автоматски се пресметува од кога ќе го внесеш оценките. Прво ги внесуваш сите оцени од прва год, па втора итн. Пример во табот за прва година (има посебно за сите години) внесуваш 5455...и така сите оценки, ама почекај дури ги земеш сведителствата за да напишеш се точно. А за документи кога ќе се регистрираш нема потреба. Основни податоци се (име презиме, матичен број, место на живеење...), па потоа бираш факултет, смер и слични работи. Лесно е, ќе се снајдеш. На крај ти излегуваат 4-5 листови врз основа на тоа што си пополнила и треба да ги симнеш и испечатиш.
@mode-kristina @Fantasy33 женски многу ви благодарам,стварно многу ми помогнавте. Стварно не знаев како функционира тоа затоа прашував Фала ви уште еднаш
Не знам како е сега со оглед на тоа што не полагавте матура, веројатно има измени во пресметувањето на поени, ама би требало да пишува. Тие се мислам документите, и во ајноу откако ќе се регистрираш мислам дека имаше во пдф форма некои и требаше да се принтаат. Исто така и на факултет носевме пријави. Не знам на кој факс си, конкретно на мојот факс односно на медф, тие пријавите се купуваа во трафиката пред факултетот, ама сигурно и на другите факултети се продаваат во близина. Ги пополнав таму кога ги купив. А за ајноу не ти требаат документи,само си се регистрираш.
Некој што ќе се запишува на факултет под укло дали ја пополна електронската пријава или ќе се чека на одлука за тие двата предмети?
Еве ти видео со упатство за регистрирање на iknow, само место матура, сигурно ви е сменето со оценки според конкурсот.
Нели Ви е многу симптоматично ,што денеска на ниедни вести, ниту на интернет портали не беше ни спомнато дека денеска полагаат државна матура ,учениците што не полагале лани од разни причини или што не ја положиле матурата лани ( во време со по 12 мртви за 24 часа и пораст на болни ! ) зашто никој на тв не спомна ништо ???
Претпоставувам поради тоа што тоа се мал број на ученици а и малку повеќе се зафатени сега со изборите ништо друго не им е битно...
Не можам едно да разберам..бидејки нормално е секоја година да се запишуваат и постари студенти на факултет кои порано не полагале државна матура...како што ке ги бодираат нив за на факултет можеа да ги бодираат и овие останатите кои се пријавиле оваа година за матура а ја паднале лани..бидејки немам ништо против ..но сега овие кои полагаат државна матура овие денови можеби ке добијат послаби оценки по предметите кои ги избрале или и по македонски јазик...и ке имаат помалку поени за упис од овие кои се тотално ослободени од секаква матура и му прават препис на соодветните предметни оценки..што значи при уписот сите останати се тотално обезправени во однос на овогодинешната генерација.
За ова се сложувам потполно ама мислам дека министерството за ова воопшто не се замараше... во еден ден одлучија све како да не сакаа толку да се замараат со нив и најлесната одлука ја донесоа и си продолжија
Се согласувам со тоа дека доколку не се полага не треба никој и тоа е навистина дискриминирачки. Да бев и јас во таа група ќе се бунев. Но не треба така да зборуваш за нас кои што сме сега матуранти и не полагаме. Скоро пола година не бевме во училиште. Туку така ни рекоа дека 2 недели ќе не пуштат и цели време не се знаеше кога ќе тргнеме. Со онлајн учењево беше хаос и ништо не се учеше а и не можеа да не спремаат. Плус немаме ни матурска вечер. Барем компензација. Но дека има подарени оцени има. И тоа секоја година. Но реално на факултет се бара учење а оние кои што немаат рутина и не им се учи не можат да дипломираат така лесно.
Замислете сега колку само скроз! одлични ке се пријават на медицина * не полагаа државна,петките им ги препишаа..и сега како што разбрав нема ни приемен испит да има ..тоа е стварно катастрофа !. А овие другиве имаат училишна матура,проектна задача,државна положена му бараат и бидејки реално ке одговараат на државната ако направат оценики 3,4 со помалку поени ке им кажат чао на медицински а овие со копираниве оценки ке си ги примат...немам зборови ! п.с дефинитивно во оваа генерација има деца на некои политичари кои притиснаа да не се полага државна а ковидот го најдоа само како изговор,бидејки ако е поради ковид не смееше никој да полага,поготово во вакви услови ..требаше пред 2,3 дена некој да излезе од Влада и да рече нема државна матура за никого со ваков биланс на мртви и болни ама ова се прекути како не би се предизвикало некое бунење од страна на учениците,родителите итн.
Се примаат 300 студенти, што значи ке бидат примени првите 300 студенти единствено ако има многу со исти бодови ке им дадат квалификационен тест, а не верувам дека сите 300 ке бидат 5.00
Извини али онлине наставата почна во април а матурантите со часови завршуваат крај на мај ,знаци еве да речеме и три месеци да сте имале онлине настава...сите претходни години сте знаеле дека одите на државна матура..тој што учел како треба 2 месеци немање настава на школо нема да му представува проблем..плус можеа да ја закажат матурата за сите во септември ! и онака на факултет се почнува во октомври,..можеа да ги одземат и наставните единици за овие 2 месеци што учевте онлине и да не се ни стават како прашања во матурата,повеке од јасно е дека немањето време за подготовка е само фарса..
Нема шанси. Лани колку имаше конкуренција и тоа со државна матура. Испод 96 бода не примаа не пак сеа. И како ќе ги распределат кои се државна, а кои приватна квота. И сега видов пишува вк на општа 300 студенти. Мош и грешка видов на конкурсот.
Nema shansi Vekje ima odredena kvota na konkursot Ako ima mn prijaveni kandidati so isti bodovi, ke ima kvalifikacionen test verojatno
општа вкупно се сигурно 300 студенти, инаку и порано како било распределувањето исто и сега пак има боодови само што сега нема матура се знае колкав број е за државна мислам 120 и 180 приватна така да воопшто не мора да има компликации а инаку конкуренција има години уназад по 1000 студенти се пријавуваат а се примаат само 300 така да ... најдобрите ке бидат примени