1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    Матурата е секако глупост барем според мене тоа воопшто не е показател колку знаат... Мислам дека треба да се укине и да се направи приемен на секој факултет според тоа ке се фокусираат кон тоа што треба да го учат во наредните години. Ионака матурата секаде е глупост жива... оние што учат добиваат пониски оценки а оние што препишуваат или имаат професор да им решава си го креваат просекот така да воопшто не е фер ни матурата
     
    На queen19, ElenaOfRivendell, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Ќе видеме.
    Лани многу имаше многу со скроз одличен успех, ама матура слабо.
    Мислам дека без приемен ќе е хаос.
    Ега да не е. Ама, на општа секогаш има голема заинтересираност.
    Не е баш невозможно да има над 300 со просек 5.00. Посебно во државава.
     
    На ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  3. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.505
    Пол:
    Женски
    Јас не велам дека немало време, туку дека се се случи пребрзо. Реално матурата е безпотребна и не се оценува како што треба. Тоа што оваа година немаше е само плус за матуранитите без проблем да се запишат каде сакаат. Затоа треба целосно укинување.
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell и MeckaCia им се допаѓа ова.
  4. Gregoriana

    Gregoriana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    А зашто тогаш не ја укинаа за сите ...туку оние кои паднале лани или не полагале од други причини да мора да полагаат оваа година и тоа во време на пандемија ?
     
    На темјанушка, candy.cane, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. lite.

    lite. Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Без забуни.
    Иако за нас кој не полагавме матура спомнаа дека нема да има приемен сепак ќе има. На конкурсот како што забележав скоро на сите факултети ќе има еден вид на приемен со полагање на најважни 2 предмети. На пример, тие што ќе учат медицина ќе полагаат биологија и хемија велам само пример а на некои како интервју.
    За тие шо полагаа денеска пак исто им е. Требаше и тие да не полагаат ама не можи бидеќи го имаат изучено целосно материјалот од сите 4години за разлика од нас кој учевме не цели 3 ипол години. Плус се помалку од колку што биле, некои веќе почнале да работат некои странство и помал број се и полесно се организира него ли цел клас од 34 ученици .
    Не ширете дезинформации.
     
    Последна измена: 30 јуни 2020
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    @Волшебникот, ти си? :?:
     
    На candy.cane, Regina.Phalange, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Оу, извини, затоа што претодните генерации изучиле се' треба да полагаат, а оваа генерација не треба? И вие изучивте се, кој е проблемот во финиширањето на матријалот?
     
    На candy.cane, Regina.Phalange, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.505
    Пол:
    Женски
    Тоа ни јас не го разбирам. Единствено нешто можеби би било тоа дека ете тие не се од оваа генрација на матуранти па веќе еднаш полагале и паднале.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Каде го прочита ова во конкурост?
    Од два предмети соодветни ќе се земаат оценките со цел да се пресметаат тие 40 поени, а примен освен на тие каде што имало и досега никаде не е споменато.
     
    На Gregoriana, ElenaOfRivendell и MeckaCia им се допаѓа ова.
  10. lite.

    lite. Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Не само материјалот.
    За време на светска пандемија нее исто да организираш настан (матура) со 34 ученици и 15. Тие од лани шо полагаа денеска се во помал број бидеќи некој веќе работат, заминале странство или се откажале од идејата факс и сл. Дури и повеќе про-западни екстремно развиени земји ја откажаа матурата. Кажав, ќе има приемен со 2 најважни предмети и на некои како интервју.
    1 причина поради шо не треба да се полага државна матура е здравјето, заболување на младата популација.
    2. 3месеци во карантин, полициски час, затворени дома психички нема да бидеш ист како претходно.
    3. Заболени членови од семејството. Стрес, грижа паника да не им се случи нешто. Ќе спремаш матура и ќе го оставиш родителот на се или ништо ?

    Вирусот е нов, постои, меѓу нас е, опасен и се уште мутира.

    Ова што ги олабавија мерките е само поради изборите, после изборите повторно назад, како во Србија.

    Светот има поважни работи.

    edit: @Glowy Јас како шо прочитав и ми кажаа дека ќе има полагање или вид како интервју ДОКОЛКУ е ПОТРЕБНО т.е ако има повеќе кандидати со ист успех.

    edit x2: Нема да коментирам на секој ваш став и мислење контра моето, ќе го почитувам вашето мислеље бидеќи е 21век каде преовладува демократија. Да не ја полниме темата off topic, ќе ја користам во врска само за потребите на факс.
     
    Последна измена: 30 јуни 2020
  11. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Матурата е повеќе од потребна, дури би требало да има и реформирано "екстерно" полагање. Многу си ласкате, треба повеќе тестирање и учење. Смени ми го мислењето.
     
    На темјанушка, Angie1432, Regina.Phalange и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Се' што пиша не само што се изговори, туку и се однесуваат за сите. И вас можеа да ве организираат во помали групи и да полагате, сите доживеаа ист стрес од пандемијата, и од каде знаеш ти дали тие што полагале денес немале некој заболен дома, или пак тие самите да биде заразени?

    Кога веќе се борите за себе, дај барем бидете објективни малку... па после вас ве напаѓале зошто не сте полагале матура.

    Ако нема приемни оваа година на секој факс, генерацијата ќе ви биде хаос, а најголемите последици ќе може да ги видите после неколку години во факултетските клупи, ако не веднаш. Не знам како мислите дека без никаква селекција ќе има позитивни резултати.
     
    На темјанушка, Regina.Phalange, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Ќе зборувам реално.
    Можеше да се организира матура, тоа што донесоа политичка одлука е друго. Има начини, на отворено, секое спортско игралиште (спортска сала во замена за лоши временски услови) во секој град можеше да биде искористено, ќе се полагаше во повеќе денови, со различни тестови. Има милион начини да се најде решение, ама не полесно се решава со едно укинување.
    Не споредувајте се со другите земји, образованието кај нас и таму е два различни поима, оценките овде што се добиваат и таму е сосема поинаку.

    Не се откажале од идејата за факс, верувај, некои и преполагаат матура со цел да се запишат на факултетот кој го сакаат.

    Освен Адеми што спомна демек ќе имало приемни, никој друг не потврди, во ниту еден конкурс нема напишано ако не можат да се рангираат пријавените ќе има приемен, што значи примените се паднати во вода.

    1. Младата популација може да се заболи на полагање државна матура/испит, а не може да се заболи во кафич/организирана домашна журка и слично. Цела младина се изнашета, со ретки исклучоци.
    2. Не сте само вие матурантите оштетени на психички план, сите сме, па има многу луѓе одат на работа, студенти полагаат, значи сите функционираат, се може.
    3. Секако и да е заболен родителот нема да ме остават јас над глава да му висам. Не е изговор ова, има многу ученици/студенти со приватени проблеми и пред корона кога имале смрт во семејството, заболен, тие биле болни, па спремале испити/тестови/полагања.

    Од тоа светот има поважни работи, образованиево во државава ни е на овој степен.
     
    На candy.cane, Regina.Phalange, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Амин. Како го ставаат така лагано, небитно е.
    Да, здравје е битно. Ама, за луѓе што се спремаат да се идни студенти не знам како образованието не е битно?
    Полагањето матура е поминат воз реално.
    Тестирање мора да има од причина "селекција".
     
    На candy.cane, Regina.Phalange, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Па реално, не е малце фер да полагаат матура тие кои лани од икс причини не полагале. Со оглед на тоа што планираат да се запишат на факултет со оваа генерација, треба да ја имаат и тие таа “привилегија” да не полагаат. Или за сите, или за никого. Не е фер некој да полага и матура и приемен.
     
    На candy.cane, Regina.Phalange, Stache и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.505
    Пол:
    Женски
    Приемни тестови кои што ќе бидат навистина добро изработени- да потребни се.
    Но државната матура каква што е сега и се дозволени препишувања па гледаш некој што не учел добива 5ка или 4ка, а ти послаба и фактички има предност пред тебе на факултет- навистина не е потребна.
     
    На queen19, cresa-jagoda, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Трагично е што воопшто и се запишуваат на факултет луѓе со вакви мислења. На друга тема, одредени матуранти имаа пишувано што ќе им било во животот да знаат во Злосторство и казна кој бил главен лик (нешто во овој контекст). Човек што не го интересира нешто да знае од општа култура, реално, тешко дека ќе заврши факс, и само ќе му го фати местото на некој што навистина сака да учи.
     
    На темјанушка, Regina.Phalange, macysh и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Gregoriana

    Gregoriana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Прочитав што си напишала под точка 1,2 и 3...
    1. Зар не е битно и здравјето на оние што ги пратија да полагаат денес државна?
    2. Зар и оние кои денес полагаа државна не беа 3 месеци во карантин,полициски час,затворени дома итн.
    3. Зар оние денес кои мораа да полагаат државна немаат заболени членови од семејство а мора да спремаат матура во 5 до 12 ..бидејки само накратко им рекоа вие ке си полагате останатите не..

    Со овие 3 точки (твоите горенаведени) многу убаво се гледа дека ова е тотална човечка дискриминација и не знам како е дозволена воопшто да се случи.
     
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Има ли некое известување во врска со приемните испити, на кои факултети ќе се спроведуваат?
     
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Основните школи беа слободни.
    Можеа да ве распоредат во сите основни школи, средни и факултети за да полагате матура и воопшто немаше да има ризик од зараза.
    Ама полесно им беше да го откажат полагањето на државната матура.
     
    На темјанушка, Regina.Phalange, Gregoriana и 3 други им се допаѓа ова.