Хаос ќе биде тоа. Ама и да ги примат,ќе ги примат за пари, и одма една чистка ќе им направат уште прв семестар, и бројот пак вака-онака пак ќе се сведи под 300.
Можеше, нив не ги спомнав поради тоа што, ете помали простории, а 4 сати се полага, а другиве се на отворено или има поголема вентилација. Инаку, да, изводливо беше, ако сите капацитети се искористеа и беа повеќе промислени. Нема, на стандардните само, архитектура и уметничките.
Искрено и јас, голем дел од учениците се 5.00, ни екстерното не им расипува просек. Треба селекција и за државна/приватна квота. Се надеваат изгледа дека нема да има многу пријавени и да преминат квоти, не знам, може во септември пред упис да одлучуваат.
Јас лани кога се запишував беа над 300 сигурно, а последниот беше со 90 поени. И тоа воглавно поради матурите имаа послаби поени, а од успех скоро сите беа 5.00,4,9/8 и сл. Значи ептен ќе има конкуренција.
Епа тој со една 4ка, две ќе биде отфрлен... Веројатно и да има приемни само за тие над 5.00 ќе се спроведе. Ама не верувам да има 300 такви. 200 може, ама 300 не би требало.
Чистка ке му направат на оние поштено што учат а немале срека на ден на испитот со некое прашање итн,оние со врски или со пари ке си продолжат понатака ,на нив им е битно само да ги примат. Инаку нема приемен испит на медицина. Ке си бидат примени со поените сегашни од средно.Веројатно ке ја допрошират квотата ако има поголем број скроз одлични и тоа е.Да имаа во план приемен да прават,немаше матура државна да им укинат ,се си е смислено п.с лично слушнав за на неколку 5,6 доценти кои се млади како децата им завршувале сега средно ..така да по логиката на нештата ке се запишуваат на медицина...и се разбира на нив оваа ситуација совршено им одговара.
Upisite ovaa godina online ke bidat? Vidov na konkursot na UKIM pisuva da se skeniraat site dokumenti
Денес факултетот за безбедност ( https://fb.uklo.edu.mk/soopstenija/...i-za-upis-na-fakultetot-za-bezbednost-skopje/) ја објави одлуката за двата битни предмети е сега не мие јасно ова “за средните стручни училишта – два стучни предмети од понудената листа на наставни предмети од средното стручно образование според образовниот профил на кандидатите каде кандидатите постигнале најголем среден успех.“ јас завршив стручно техничко училиште значи во листата на upisi на iknow прв и втор предмет треба да одберам македонски и англиски јазик а втор и трет предмет планирам да одберам програмирање и информатика дали е во ред така? исто така што да наведам во Статус на трет и четвр значаен предмет (соодветен или несодветен?)
Како бе така полагале матура тие што се постара генерација??? Па тие да биле спремни од тие 4 години, немаше да паднат лани (за паднатите правиме муабет). Нели аргумент за откажување матура беше и "Немаме како да одиме на приватни часови"? Може и тие немале. И сега, ако на некој факултет нема приемен, тие ќе се најоштетени.
Да паднеш на државна матура а да сакаш да одиш на факултет за мене лично е дно бидејќи за да паднеш матура треба основно познавање на изучуваната материја да немаш. Според мене на тие што паѓаат матура не треба да им се дозволи да се запишат во државна квота и да зафаќаат место на некој кој навистина заслужил да се запише во државна квота. Со оглед на тоа дека имаат можност и во јуни и во август да полагаат го имам овој став.
Точно, ама не знаеш што може да се случи. И не е меркава само за паднати туку и за тие што решиле да паузираат или не биле во можност да полагаат. Инаку, многу познавам што биле дупка во средно а на факс се истакнале. Многу факултети имаат предмети што не се поврзани со предметите во средно.
Тоа дали некој се истакнал на факултет или не е индивидуална работа и не навлегувам во таа тема јас, но ако паднал некој повеќе пати државна матура сигурно имало причина..
Ја пополнав и ја пратив електронската пријава на укло,но не ми даде опција за печатење тоа понатаму ќе е или до мене е нешто?
Тестовите за државна матура се за никаде по мене...најдобра опција е тотално сите прашања да се со заокружување ако треба и со 10 понудени одговори отколку да одговараш на прашања,бидејки кога одговараш на прашањата со зададен претходно текст...можеби нема да биде задоволна тестаторката со твојот одговор ке го оцени како полуцелосен на пример и ке си добиеш 0 бодови .Друга негативна работа е што немаш увид откога ке ги добиеш поените да видиш со своите очи каде тоа си погрешил,не знаеш ни кој те оценува ништо и што е најлошо на пример одлучуваш да студираш медицина бираш македонски,англиски -обавезни и хемија или биологија како предмет...и на пример ке добиеш 3 македонски 4 англиски без разлика дали биологија или хемија имаш 5 добиено..ке ти се намалат поените..и после немаш шанса за упис..зашто бидејки не си одговорила македонски и англиски како треба ..и тоа е некој критериум за упис.. Ако добро се размисли сепак приемните како така се подобра селекција на кандидатите дефинитивно отколку државна матура. И сега што ке биде со овие што полагале претходните години државна и овие од оваа година а не добиле петки на пример...а овие од оваа година ке си имаат повекето 5.00 и никакво тестирање... по кој критериум ке ги примат овие од оваа генерација ,а овие што полагале дури и државна дека се со помалку бодови нема... тоа е катастрофално. Најреално би било сега сигурно да се примат овие со државна матура (нека ги стават во посебна квота) а после нека ги селектираат овие без ништо од оваа година.
Не зборуваме дали ти имаш 4 или 5 добиено туку за тоа да полагаш државна матура и да паднеш. Барем за двојка секој може да научи или да знае кога веќе сака да оди на факултет. Уште го памтам тој ден кога после долго спремање за државна матура, кога дојдов таму таа што требаше да не чува рече вадете телефони и препишувајте. Ама двојка е во прашање тука а не високи оценки.
Се регистрирав сега на iknow системот и ми дава само 2 факултети дизајн на мебел и ФИНКИ а заинтересирана сум за психологија, помош?