Може и да те пријави и да те запише. Ако сакаш да си посигурна дај полномошно на нотар на личноста што ќе те запишува. Чини околу 500 денари.
Братучедка ми ке полага државна нареднава година хемија или биологија и денес ме праша дали на државната матура прашањата лани биле од материјалот од 1 до 4 та година или само од 4-та ? јас лани кога полагав се мислам само од 4-та дека беа колку што се секавам.За биологија прашувам и сега видов на матура сајтот испитниот програм се мислам дека тоа е само 4 та година за државна за биологија по она што го гледам.
Јас оваа година не полагав матура ама како што знам од сите 4 има по нешто јас би учела од сите по малку.. А тебе можеби ти изгледа дека за биологија е само од 4 година затоа што во четврта година во книгата е се собрано од сите 3 години, нема ништо ново Ако грешам некој слободно нека ме поправи
Во документот за испитни програми се наведени темите: Цитологија, Молекуларна биологија, Екологија, Еволуција и Регулација на органските системи кај човек. Сите се учат во четврта година гимназиско образование, не знам како е за стручно. Истите се учат и во претходните години па се повторуваат во четврта веројатно поради матурата. Нека си ги учи тие теми, но според мене подобро е да комбинира и од другите учебници бидејќи во четврта многу работи се скратени.
Дали некој може да ми објасни, бидејќи утре полагам, но не сум подготвена и сакам да го оставам испитот. Првпат ми е да оставам испит за понатаму, за наредна испитна сесија. П дали можеби некој знае кога ќе е таа наредна испитна сесија на Филозофски?
Темава е за матура, најубаво прашај си во темата на Филозофски факултет. Инаку има септемвриска сесија и на секој факултет во различно време почнува. Обично на крај на август почнува и трае до крај на септември.
Материјалот е од сите 4 години, не е само од 4та. Да, во четврта во книгата се повотрува материјалот конкретно биологија, ама има некои ситници кои се во тие до трета. На 17ти август треба да почне августовско-септемврика.
Пополнив на iknow и кликнав да се прати кај комисија Тука ми бара да уплатам некои 350 денари,сега треба пред уписите?
За што 350 денари? Уплатници се носат кога ќе те примат и тоа беа за уплатена партиципација, нешто за спорт, електронско досие и слично, секој факултет различно. 350 денари не ми текнува да имавме за нешто, а и да има не треба сега да се носи. Освен ако е ова сега нешто ново.
Да, уплати кога ќе можеш у август, плаќав ја лани 300ден кога поднесов документи за да ми ги разгледаат. Факсот нашол начин да земе пари од студентите макар и да не ги прими...
Не се брзај толку, не мораш сега одма, ја после 20ти август спремав документи и уплаќав. Од еден човек не се многу ама од 600 пријавени студенти се многу.
Биологија лани јас полагав од книги за гимназиско сите 4 години. Добро пројдов. За хемија малку покомплицирано било за материјал.