Јас пак во темава Гледам за македонски има син прирачник и лилав. Кој е подобар? И овој лилавиот го има во некоја книжара? Фала ви дечки
Otidov i plativ preeska za sekoj slucaj,da ne mislam posle. Ovie dveve uplatnici treba sose dokumentite da gi odnesam na faksot?
Јас прочитав дека ќе се скенира,не сум видела дека ќе се оди таму. А зашто да не се поднесат документите таму не знам. За уписи во средно и основно се идеше таму голема работа..
Прашувам дека членката претходно напиша дека сепак ќе се одело и до факултет. Е сега дали ќе се скенира или не? Или за нешто сосем трето треба да се оди на факс?
Јас го отворив тој документот што е за уписите и во делот за потребни документите пишуваше дека ќе се скенирале документите. И беа ставени датите за прв рок, втор рок како и секогаш, и пишиваше дека ќе требало да одат да се подигне индекс и уште нешто.
Да да. Иначе на ова мислам, зошто обично коа ги поднесувавме документите во живо ни даваа индекс и уште нешто
А зашто 750 денари? Јас на фалултетот кај што се пријавив ми покажа таму да платам 350 и јас одма отидов платив на iknow ми пишуваше којзнае што платив
Пишува дека е за студентски активности, а ти тоа што си уплатила 50 ден е за административна такса и 300 на сметка на факултетот. Мислам дека во оваа тема некој пиша дека тоа било за дополнители пари да земе факултетот.
Добро читајте го конкурсот, на 13та и 14та страница ви е предобро објаснето. На 31.8 и 1.9 е пријавување, со скенирани документи и се плаќа 350, 50 административна такса која е укината, а 300 онака без наведена причина. На 10.9 и 11.9 е запишување и тогаш се носат индекси и се плаќаат други работи вклучувајќи ги и тие 750. Ама ова е откако ќе ве примат.
Ги испринтав тие четири страни со мои лични податоци и некои изјави што треба да потпишам. Последниот лист мислам дека не ми треба за малцинства е. Јас си имам потврда за државјанство дека сум македонка.
Здраво, јас имам едно прашање во врска со Префрлување на друг факултет. Студирам во Скопје, но сакам да се префрлам во Штип. Е сега бидејќи цел септември ни е сесијата, не сакам да ја испуштам, планирам да положам уште нешто и не знам дали ќе ме примат покасно, ми е страв ако се пријавам сега пример електронски во Штип, дали ќе ме префрлат за 2 3 недела, па ќе немам можност за да полагам .. Многу ќе ми значи доколку некој има некоја информација. Поздрав
Ме интересира ние што ќе се запишуваме на факултет под УКЛО, ќе треба да одиме до факултет и да поднесиме пријави и потврди... или ќе биде како на УКИМ што е електронски?
Дали некој ги има учебниците по хемија и биологија за средно гимназиско образование во pdf? Нели порано ги имаше на е-учебници, но пред некоја година ги тргнаа.