Може некој да ми објасни што значи тоа значајни предмети? Предмети коишто ги има како побитни објавени од факултетот или? Пример математика за финки така?
Да да, и тие соодветни предмети, носат повеќе поени за соодветниот факултет. Сега не знам како е, ама еве пример кога полагав матура јас, си биравме предмети кои се соодветни за факултетот кој сакаме да го запишеме. Јас се запишав пример на медицина, за каде соодветни предмети беа биологија (јас го полагав био) и хемија. И фактички, мене 5ката по биологија, ми носеше повеќе поени, отколку на некој што би му носела 5ката по математика, за на Медицински факултет. За на ФИНКИ би било обратно, на некој 5ката по математика, би му носела повеќе поени, од мене 5ката по биологија. Така, секој факултет си има соодветни предмети, би требало да ги пишува на конкурсите.
@S.W.A.G Ги пишува во конкурсот соодветните/значајните предмети од 15 страна па натаму. Од овие се изведуваат поени за матура бидејќи не полагавме. Мислам дека на ова мислиш, друго не знам што би можело да биде.
Па најверојатно. Еве за ФИНКИ гледам има ставено избор на кандидатот и наведени неколку, сигурно од тие може да се изберат 2. Од прилика и се знае кои предмети за кои факултети се значајни.
Другар се запишува годинава ги има сите документи, но не му е јасно за каква електронска пријава станува збор.
Треба да се регистрира на upisi.ukim.mk. Нека отвори и пополни, бара основни лични податоци и да избере факултет, на крај ќе му излезат документи за печатење кои треба да ги симне и испечати, па потоа се носат на денот на уписот на факултет.
Универзитетски пријавен лист може да се ископира од потребните документи под електронската пријава или мора да се купи од книжара и да се пополни?
Значи на 31 и 1 ќе се скенираат документите и електронско пријавување и уплатниците од 350 и сл. а на 10 и 11 се носат документите на факултет? И има ли некој упатство како ќе се скенираат документите на 31 и 01? ?
Треба сите документи и уплатници да ги имаш предвреме скенирано. Тоа се прави во копирница, си наплаќаш од свој џеб и кога ќе дојде денот ги прикачуваш.
Дали мора да се купи универзитетска пријава од книжара (и да се пополни рачно па да се скенира) или може да се испечати таа што е автоматски генерирана од електронското пријавување на upisi.ukim (па само да се потпише најдолу и скенира)?
Знам дека за машински на уким пишува дека е независно колку е стар, па претпоставувам дека секаде тоа важи. А инаку може и онлајн да се нарача и стига за неколку дена по пошта до адреса, не мора да се оди лично за да се извади.