Мислам дека до 16.. Со среќа утре на уписите, па сите да не примат во државна, да не ни се паднат злобни професори и со арно, со убо, со лесно нека ни е
Пријавување на кандидатите 16-17. 08. 2011 Објавување на резулати од успехот од средно образование 22.08.2011 Проверка на знаења и умеења (на оние факултети каде е тоа предвидено) 18.08.2011 Објавување на резултати од проверката на знаења и умеења 25.08.2011 Објавување решение за прием на кандидатите 26.08.2011 Запишување на кандидатите 30-31. 08.2011 Ај со среќа деца
Како бе 12, јас од тука ќе тргам кај 11 отприлика, какво 12. Нема шанси, има премногу студенти а премалку време, нема белки само 4 часа да вршат уписи. Па јас се надевав дека ред ќе чекам до кај 12 барем, а не да завршат тогаш. Различно може да биде ако не се запишуваш на УКИМ, туку на некој друг.
Таму сум и баш денеска коа видов се зачудив Ајде сигурно им е некоја грешка или слично, уживај си чим сите викате 16 така нека биде
Женски, вие што предававте документи на факс и имате електронска пријава пополнето ви пишува ли сега дека сте предале документи? Мене уште ми пишува НЕ, а ги дадов дикументите кај 2 саат. Другар мој се од дома пак се враќал да им каже и тие му рекле нешто ко демек не средиле ама сега ќе му средат. И на некои им напишале дека дале на некои не. Значи дека утре пак треба да идам?
Спроти сликата има дали е предадена документацијата и има НЕ кај мене. А ако ти пишале таму треба да има ДА
Девојки мои јас денес ги поддадов документите, и во неофицијалните резултати на УГД сум примена во државна квота. Ви посакувам се најдобро на сите.
ајде и тука да прашам дали со друга националност се има некоја предност???? колку може да помогне ако сум малцинство???
може да помогне ама не многу. сепак и тие се со некој процент и исто се рангираат по оцени. значи не примаат кој знае колку луѓе така. само треба да имаш извадено потврда дека си друга националност